Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје, Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје и Македонското здружение за заштита при работа, како Здруженија кои оваа годна ЗАЕДНО, продолжија да работат на промоција на областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, по 7-ми пат организираа настан за одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа (БЗР), под мотото  ,,ИДНИНАТА Е НАША – НЕКА БИДЕ БЕЗБЕДНА”.


Пред повеќе од 75 присутни, чинители од областа БЗР, потпретседателот на Советот за БЗР и за настанот претставник на ОРМ г-ѓа Даниела Китанова, претставници на Државниот инспекторат за труд г-ѓа г-ѓа Сашка Штерјоска Стојаноска и г-ѓа Светлана Ѓорѓиоска , националниот координатор на МОТ г-дин Емил Крстановски, претставник на бирото за развој на образованието д-р Блага Панева, деца од 1-во до 9-то одделение и нивните наставнички, како и директорите од основните училишта ширум државата, претставници на правните субјекти, членови на четирите Здруженија и други присутни, во хотел Континентал, Скопје, со почеток во 09:30 часот, беше одбележан Светскиот ден за БЗР 2025 година.

Модератор на настанот беше , г-дин Љупчо Кочовски.

На почетокот од страна на присутните, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите работници на своите работни места.

По воведниот дел на модераторот на настанот  г-дин Љупчо Кочовски   на присутните им се обратиja Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Скопје г-дин Петар Наумовски и Здружението за безбедност при работа 28 Април, Скопје, г-дин Благоја Богоевски .

Потоа на присутните им се обрати Претседателот на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје м-р Дејан Ангеловски.

По поздраниот дел на присутните претставници од државните чинители од областа и ..ГОЛЕМОТО БЛАГОДАРАМ” за присуството на настанот на учениците и нивните наставнички/ци, тој го потенцираше следното ,, денес, на 28 април, заедно го одбележуваме Светскиот ден за безбедност и здравје при работа. Под мотото ‘Иднината е наша — нека биде безбедна’, уште еднаш потврдуваме дека човековото здравје и безбедноста на работното место се највисоки вредности кои мора да ги чуваме и унапредуваме. Оваа година, темата не води кон размислување за новата ера во здравјето и безбедноста, каде што клучна улога имаат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Овие современи алатки ни даваат нови можности да го осовремениме работниот процес, да го предвидуваме ризикот, да го подобруваме надзорот и да создадеме работни средини кои се посигурни од кога било досега. Машините можат да ни помогнат, но срцето, умот и грижата остануваат човечки. Но, напредокот носи и нови предизвици. Затоа, уште поважно е да бидеме внимателни, да вложуваме во обуки, во знаење и во нови безбедносни практики кои ги ставаат луѓето на прво место. Технологијата треба да биде наша алатка, а не замена за грижата и одговорноста што сите ја носиме. Би дал посебен каток осврт и на овогодинешниот повик БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2025, со напомена дека резулататот по 7 години работа на проектот е и те како видлив, имено овогодинешните творби се далеку подобри и посодржејни од творбите кои беа пишувани во првите години, а тое е знак дека пораката пратена пред 7 години дава позитивни резултати. Затоа и во иднина ќе продолжиме да работиме на ова поле со најмладите, затоа што иднината е овде и сега, во овие млади ученици, а наше е да им помогнеме да им ја направиме побезбедна. Ја користам приликава и јавно да се заблагодарам на компанијата Алкалоид АД Скопје, за поддршката што од самиот почеток, веќе седма година во континуитет ја дава на повикот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, во делот на награди со производи од нивната производна палета за учениците и менторите чии творби се наградени, Да не должам, Ви посакувам убави момети во тоа што ќе следи, во најмалите творци и пораките дадени од нив”.

После обраќањето на претставниците на Здруженијата организатори на настанот, на присутните им се обратија претставниците на ОРМ, Државниот инспекторат за труд, МОТ и Бирото за развој на образованието.

После официјалното обраќање, се пристапи кон прогласување на најдобрите творби од повикот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2025 и доделувањето на наградите за најдобрите правни субјекти во 2024 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места во РС Македонија.

Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2025 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по седми пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа ученици од 20 Основни училишта.

– ООУ „Атанас Нивичански“ – Нова Маала, Василево,
– ООУ„ Славејко Арсов“, Штип,
– ООУ ,,Гоце Делчев”, Битола,
– ООУ ,,Гоце Делчев”, Љубанци,
– ООУ „Елпида Караманди“ – Битола, ПУ с.Цапари,
– ООУ „Св. Климент Охридски“, Македонски Брод,
– ООУ.″ Кочо Рацин”- Куманово,
– ООУ„Никола Карев“ – Радовиш,
– ООУ ,,Невена Георгиева ДУЊА”, Кисела Вода, Скопје
– ООУ,,Кирил и Методиј“ Стојаково,
– ООУ ,,Гоце Делчев‘‘ – Штип,
– ООУ „ Никола Вапцаров“ , Струмица,
– ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево,
– ООУ Кузман Шапкарев, Кисела Вода, Скопје
– ОУ„Св.Кирил и Методиј“, Битола,
 – ОУ ,,Св.Кирил и Методиј’’ПОУ с.Логоварди
–  ПООУ,,Ристо Крле“, Мралино, Илинден
–  ООУ „Ристо Крле“ н.м Кадино, ПУ Бунарџик, Илинден
– ООУ „Ристо Крле“ Кадино, Илинден
– ООУ ,,Гоце Делчев”-Илинден

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен од страна на Министерството за образование и наука (бр.12-883/4 од 06.04.2023 г.) и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-352/2 од 07.03.2023 г.), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.

Заклучно со крајниот рок за поднесување (04.04.2025 година) поднесени се вкупно 167 творби (песни и раскази) во четирите категории. Од нив 4 творби не  соодветствуваат со темата на повикот, односно се пишувани на други теми.

ЗА ЕВАЛУАЦИЈАТА НА ТВОРБИТЕ СЕ ПРИЈАВИЈА 9 (девет)наставнички/ци. До крајниот термин 23.04.2025 г. пристигнаа евалуации од 8 (осум) НАСТАВНИЧКИ  и еден претставник од бирото за развој на образованието. Една евалуација пристигна со два дена задоцнување  и поради роковите за организирање на печатените материјали, не беше земена во предвид при заклучување на финалните резултати. Свои евалуации на твробите доставија:

-Д-р Блага Пенева – Биро за развој на образованието
-Катерина Николовска – ООУ ,,Гоце Делчев”, Битола
-Ленче Накева – ООУ„Никола Карев“ , Радовиш
-Билјана Велковска Зиковска – ООУ ,,Невена Георгиева ДУЊА”, Кисела Вода, Скопје
-М-р Марија Ристова – ООУ ,,Гоце Делчев‘‘, Штип
-Лидија Дузлевска – ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево
-Петар Ивановски – ООУ Кузман Шапкарев, Кисела Вода, Скопје
-Жаклина Веловска – ОУ„Св.Кирил и Методиј“ – Битола
-Марија Сотировски – Стојчевска – ООУ ,,Гоце Делчев”,Илинден

Доставените творби беа означени со шифри и ниту еден од евалуаторите не знаеште од кое училиште, ментор и ученик е творбата. При евалуацијата, со цел избегнување на пристрасност во оценувањето, менторите не ги евалуираа творбите кои се доставени од нивните училишта.

Согласно пристигнатите евалуации, резултатите се следни:

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Во првата фаза од повикот за аплицирање, квалификување и избор, на најдобрите правни субјекти во 2025 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места, во сите 4 (четири) категодии од повикот, апликација поднесоа 18 правни субјекти кои работат на територијата на РС Македонија.

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)

– АПЛИКАЦИЈА ПОДНЕСОА 3 (три) Правни субјекти

КОМПАНИЈА СО НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА 2024 ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА Е РЕПЛЕК АД СКОПЈЕ со примерот “ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ НА РАБОТНОТО МЕСТО КАКО ДЕЛ ОД СИСТЕМОТ ЗА БЗР “

Категорија 2 – Административни дејности (адвокатски, нотарски, сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)

АПЛИКАЦИЈА ПОДНЕСОА 4 (четири) Правни субјекти

КОМПАНИЈА СО НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА 2024 ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА Е ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, СКОПЈЕ  со примерот ,,ДВАНАЕСЕТДНЕВНА ОБУКА НА МЛАДИ ЕЛЕКТРОМОНТЕРИ ЗА ПРАВИЛНА И БЕЗБЕДНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ”

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)

А) Мали претпријатија – до 50 вработени

НЕМА ПОДНЕСЕНО АПЛИКАЦИЈА

Б) Средни претпријатија – до 250 вработени

АПЛИКАЦИЈА ПОДНЕСОА 3 (три) Правни субјекти

КОМПАНИЈА СО НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА 2024 ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА Е ИМПЕРИАЛ ТОБАКО ТКС АД СКОПЈЕ со примерот ,,ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА 10 ПРАВИЛА – ЈА ВЛАДЕАМ БЕЗБЕДНОСТА И ВОВЕДУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ РАЗГОВОРИ СО ВРАБОТЕНИТЕ ”

В) Големи претпријатија – над 250 вработени

АПЛИКАЦИЈА ПОДНЕСОА 4 (четири) Правни субјекти

КОМПАНИЈА СО НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ ЗА 2024 ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА Е МАКСТИЛ АД, СКОПЈЕ со примерот ,,ВОВЕДУВАЊЕ НА ДИГИТАЛИЗИРАНИ И АВТОМАТИЗИРАНИ РАБОТНИ ПРОЦЕСИ за олеснување и оптиматизација на работите и намалување на директна изложеност на вработените на непосредните опасности”

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

АПЛИКАЦИЈА ПОДНЕСОА 4 (четири) Правни субјекти

КОМПАНИЈА СО НАЈМНОГУ ИНВЕСТИЦИИ ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ЗА 2024, ВО ОВАА КАТЕГОРИЈА Е МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ

На крајот на настанот г-дин Љупчо Кочовски најави дека збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2024″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР , а за догодина во истиот период ги најави :

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗАЕДНО, СИЛНИ И СЛОЖНИ И ВО 2025 ГОДИНА!!!
ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *