Претставникот на ЗИЗ ТУТЕЛА ( г-дин Борче Стојчевски) учествуваше на состанокот со експертите на МОТ за безбедност и здравје при

работа од седиштето во Женева. Целта на нивната мисија беше запознавање со состојбите во областа на безбедноста и здравјето при

работа, во рамките на техничката поддршка на МОТ за проценка на степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за

промотивната рамка за безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство, како и преглед на предизвиците при

имплементацијата на Законот за безбедност и здравје при работа.

 

Состанокот се одржа во просториите на МЗЗПР

На состанокот од страна на г-дин Борче Стојчевски беа презентирани ставовите на Здружението во врска со состојбите во областа

безбедност и здравје при работа и ставовите за степенот на имплементација на ратификуваната Конвенција за промотивната рамка за

безбедност и здравје при работа (Бр. 187) во македонското законодавство.

На состанокот покрај претставникот на ЗИЗ Тутела, присуствуваа и претставници на ЗБР 28 Април и МЗЗПР. (20.03.2018 г.)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *