ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

ЗИЗ ТУТЕЛА, во соработка со Здружението за БЗР “28-ми Април” и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларијата во Скопје, ја имаат честа и привилегијата да Ве поканат да учествувате на бесплатната обука на тема:

„Препознавање на опасностите и утврдување на нивото на ризик – Практичен пристап“.

Целта на обуката е преку практичен пример и различен пристап, тимски, користејки една од најсовременеите методи, да ве поттикне да го најдете најточното и најпрактично решение и утврдите нивото на ризик на одредено работно место, усогласено согласно дејноста на работната организација во која работите.

 

 

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 13.09.2018 година, со почеток од 09:00 часот, во објектот на Кино Култура ( ул.Луј Пастер бр.3, Скопје ).

Бројот на учесници е ограничен, предност при регистрација имаат членови на Здружението..

Сите учесници ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2  за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015.

Рок за пријавување: 10.09.2018 год. 

 

 МОДЕРАТОР !!!

   Тања Мижовска, стручно лице за безбедност при работа

Стручно лице за Безбедност при работа од 2010 и положен Интернационален Сертификат за безбедност и здравје при работа NEBOSH, со долгогодишно искуство во имплементирање на Системот за безбедност и здравје при работа OHSAS 18001:2007.

Во делот на професионално доусовршување, има посетувано многубројни обуки од областа на безбедност и здравје при работа, како и обуки за Управување и Подобрување на Културата за безбедност, организирани во РМ и во странство.

Моментално вработена во Империал Тобако ТКС, Скопје, компанија која 4 пати е добитник на Националната награда за добра пракса во безбедноста при работа во РМ (категорија на средни компании) но и добитник на интернационална награда за БЗР во конкуренција од 53 фабрики од тутунската индустрија на светско ниво.

Како одговорен проект менаџер успешно има реализирано неколку проекти за подобрување на културата на безбедност во Империал Тобако ТКС.

 

АГЕНДА

09:00-09:30

Регистрација

09:30-09:45

Отворање на работилницата

Сесија I

Презентација/Видео/Терминологија и методологија

09:45-11:00

Квалитативна метода за утврдување на нивото на ризик согласно работните активности. Согледување на опасностите, утврдување на последиците и веројатноста од настанување на истите.

Филмски приказ – последици од погрешна процена

11:00 – 11:15

Кафе пауза

Сесија II

Работилница

11:15-13:15

Работа во групи

13:15–14:00

Ручек

14:00-15:30

Дискусии по изготвени материјали

15:30-16:00

Заклучоци и доделување на потврди за присуство на обука

16:00

Затворање на настанот
Поканата и Пријавата за настанот можете да ги превземете овде:

Покана_20180913

Пријава_20180913

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *