Согласно Одлуката од втората Седницата на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, одржана на ден 09.07.2018 година, за организирање на Вонредно изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, за избор на раководни органи на Здружението, се огласува следната:
О Б Ј А В А бр.1
за отпочнување на постапка за прибирање на кандидатури за:
- Претседател на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, и
- Членови на Извршниот Одбор на Зружението на инженери за заштита Тутела, Скопје – на предлог на кандидатот за Претседател на ЗИЗ Тутела
Рокот за доставување на кандидатурите под точка 1 и 2, започнува од 24.09.2018 г, а завршува на 15.11.2018 г.
Кандидатура за позициите под точка 1 и 2, може да поднесе секој член на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, кој своето членство го отпочнал заклучно со денот на објавувањето на оваа Објава (24.09.2018 г.).
Доставените кандидатури, ќе бидат собрани, доставени и разгледани на вонреднотo изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, кое ќе се одржи во текот на месец Декември 2018 година.
Кандидатите своите кандидатури ќе можат да ги образложат пред присутните членови на вонреднотo изборно Собрание на ЗИЗ Тутела, по што, согласно Статутот и Деловникот за работа на Собранието на ЗИЗ Тутела, од страна на присутните членови ќе се изврши избор на новиот Претседател и новите членови на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела.
Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави пополнето барање (се наоѓа во прилог на објавава) за добивање на обрасци/докумети за поднесување на кандидатура на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk
По доставување на Барањето, во рок од 48 часа на e-mail ќе ги добие потребните обрасци/документи со упатство за нивно пополнување.
Пополнетите обрасци/документи во наведениот рок, не подоцна од 15.11.2018 година, да се достават до ЗИЗ Тутела, на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk.
За сите појаснувања и дополнителни информации обратете се на
E mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk.
Тел. 077 / 65 59 98
БАРАЊЕТО за добивање на обрасци/докумети за поднесување на кандидатура, можете да го подигнете овде: