Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Четврток, 13.09.2018 година – Кино Култура

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, успешно ја реализира, втората од низата обуки, чија основна цел е подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Во соработка со Здружението за безбедност при работа 28 Април и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларијата во Скопје, успешно се реализира обука тема ,,Препознавање на опасностите и утврдување на нивото на ризик – Практичен пристап”.

Како и на првата обука и овој пат, број на присутни лица беше пополнет неколку дена пред крајниот рок за апликација.

Посебно задоволство ни претставува што овој пат 95% од присутните беа членови на ЗИЗ Тутела, Скопје.

Големиот интерес на учесниците, активната вклученост во текот на целиот настан и по анализата на евалуациите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека ЗИЗ Тутела го трасира новиот современ пат на развој и унапредување на струката.

Веруваме, дека со секој нареден настан, ќе успееме да го задржиме интересот на сите чинители од областа, преку воведување на нови идеи, нов пристап и нова енергија.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/ky2KMsgbGg8KG5CC8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *