,,Заштитата при работа е важна за сите, добра е и за Вас, и за работата, и за вработените”

Секоја година, 43-тата недела во годината, од страна на Европската агенција за безбедност и здравје (EUOSHA) е одредена како Европска недела на безбедност и здравје при работа.

Тема на кампањата која ја спроведува EUOSHA за 2018 – 2019 година е:

Здрави работни места – Управување со опасни материи

Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, како медиумски партнер на EUOSHA, за тековната кампања, планира низа на активности кои ќе ги реализира во текот на Европската недела за безбедност и здравје при работа.

Оваа година Европската недела за БЗР е во периодот од 22 Октомври до 26 Октомври 2018 година.

За прв пат, како промотор на безбедноста и здравјето при работа во Р.Македонија, во сите активности, е вклучен гавниот амбасадор за кампањите “ЗДРАВИ РАБОТНИ МЕСТА” на EUOSHA, НАПО.

Во текот на кампањата за Евроската недела за БЗР, ќе бидат вклучени сите заинтересирани чинители од областа (стручни лица за безбедност при работа, Здруженија од областа БЗР, надлежните државни институции, научно-образовни институции и фирми кои во континуитет даваат посебен акцент на областа БЗР и безбедноста и здравјето на вработени) кои во изминатиот период изразија искрени намери за соработка и промовирање на безбедноста и здравјето при работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *