Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, како Здруженија кои го избраа патот, ЗАЕДНО, активно да работат на промоција на областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, организираа настан за одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа (БЗР), под мотото ,, БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ИДНИНАТА Е ВО МЛАДИТЕ”.

Пред повеќе од 100 присутни, чинители од областа БЗР, претставник на МТСП (г-дин Дарко Дочински), Директорот на ДИТ (г-дин Алајдин Хавзиу), претставникот на МОТ – канцеларија во Скопје (г-дин Емил Крстановски), заменик директорот на бирото за развој на образованието (г-дин Мирван Џемаили), деца од 1-во до 9-то одделение и нивните наставнички, како и директорите од основните училишта ширум државата, претставници на правните субјекти, членови на трите Здруженија и други присутни, во х.Арка, Скопје, со почеток во 13:30 часот, беше одбележан Светскиот ден за БЗР 2019 година.

Модератор на настанот беше , г-дин Љупчо Кочовски.

На почетокот од страна на присутните, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите работници на своите работни места.

Во воведниот дел од настанот г-динот Кочовски ги поздрави најмладите во салата, нагласувајки дека нивното присуство оваа година во целост се поклопува со темата на МОТ, по што свое обраќање кон присутните, имаа претставникот на ЗЗПР на општина Битола, Битола д-р Иво Кузманов и претседателите на ЗБР 28-ми Април, Скопје – г-дин Благоја Богоевски и ЗИЗ Тутела, Скопје – г-дин Дејан Ангеловски.

Генерално сите ја посочија важноста на одбележувањето на Светскиот ден за БЗР, како ден, на кој се сеќаваме на сите настрадани работници на своите работни места.

Претседеателот на ЗИЗ Тутела, г-дин Дејан Ангеловски, на почетокот напомена дека конечно како најмладо Здружение, успеавме да ги обединиме и другите две здруженија и заедно да се продолжи да се промовира областа БЗР. Посебно го потенцираше проектот БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ, со кој, преку трудовите (песни, раскази) на најмладите, се допринесе да се подигне свеста и осознае за областа БЗР, со вклученост пред се на наставниците и родителите во самото изготвување на трудовите на најмладите. Речиси месец дена основните училишта, ширум земјата. пулсираа во духот на БЗР, а самите пристигнати трудови, нивниот број, го покажаа и докажаа тоа.

Потоа следуваше обраќањето на претставниците на МТСП – г-дин Дарко Дочински, на МОТ канцеларијата во Скопје – г-дин Емил Крстановски, директорот на ДИТ – г-дин Алајдин Хавзиу.

Г-динот Дарко Дочински ги потенцираше активностите на МТСП, во поглед на инклузивниот дијалог, чија цел е конечно реализирање и усогласување на Законската и подзаконската легислатива.

Г-динот Емил Крстановски ги поздрави најмладите, напоменувајќи дека во годината кога МОТ одбележува 100 години од своето постоење , нивното присуство во салата се поклопува со овогодинешната тема на МОТ ,,Безбедна и здрава иднина во работата”.

Директорот на ДИТ, г-динот Алајдин Хавзиу, покрај значењето на денот, напомена дека ДИТ е секогаш отворен за соработка со сите чинители од областа.

Во понатамошниот тек на настанот г-гица Лидија Атанасовска го образложи проектот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”.

На крајот на нејзиното обраќање, го повика заменик директорот на Бирото за развој на образованието г-дин Мирван Џемаили, да им се обрати на најмладите.

Заменик директорот на Бирото за развој на образованието г-дин Мирван Џемаили ги поздрави најмадите, присутни во салата и нагласи дека проектот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ” е патот по кој сите треба да се движиме, преку едукација на најмладите, затоа што тие се иднината на секоја работа.

По обраќањето на Заменик директорот на Бирото за развој на образованието, се премина кој прогласување на најдобрите литературни творби од повикот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”

Г-динот Љупчо Кочовски напомена дека повикот:

-како проект е одобрен од Министерството за образование и наука (број 12-3216/4 од 12.0 4.2019 г.)

-на него учествувале 30 училишта

-лични творби испратиле 164 ученици

-пристигнати се 176 творби  (127 песни и 47 раскази ) 

Членови на комисијата која ги евалуираше творбите, беа:

1. Селма Исак – ООУ ,,25-ти Мај”, Гази Баба

2. Даниела Христова – ООУ,,Гоце Делчев”, Делчево

3. Марија С. Стојчевска – ООУ,,Гоце Делчев”, Илинден

4. Драгица Петрова – ООУ,,Славејко Арсов”, Штип

5. Петар Јанчев – ООУ,,Кирил и Методиј”, Богданци

6. Ангелина Костовска – ООУ,,Александар Здравковски”, Јегуновце

7. Јулијана Николиќ- ООУ,,Љубен Лапе”, Аеродром

8. Јасмина Трајковиќ – ООУ,,Вера Јоциќ”, Гази Баба

9. Ленче Наќева – ООУ ,,Никола Карев”, Радовиш

10. Александра Упале – ООУ,,Св.Кирил и Методиј”, Битола

11. Ивана Краљевска – ООУ,,Браќа Миладиновци”, Аеродром

12. Наташа Стоилкова – ООУ,,Св.Кирил и Методиј”, Босилово

13. Мери Крстеска – ООУ,,Св.Климент Охридски”, Охрид

Согласно одлуката на комисијата, беа наградени следните трудови

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

1БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАЈована Буковалова 5-2
2БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАИлина Крстева5-а
3БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАМила Величковска3-б

Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

1БЕЗБЕДНОСТА НЕ Е ШЕГАПетар Стојаноски5
2ПЕТАР И НАПОКирил Стојчевски4-б
3ЗАВАРУВАЧБлагојче Ристовски4-г

Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

1БЗР ОД МАЛИ НОЗЕМартина Ангеловска8-а
2БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАМила Кралева7-3
3БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАМарија Петрова7-2

Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

1СЕКОЈ ЖИВОТ ВРЕДИ ЦЕЛА ВСЕЛЕНАСнежана Лазаревска6-1
2БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАИвана Маркоска6-3
3БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТАЛина Боцевска6-3

По прогласувањето на најдобрите творби од повикот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”, се прогласија и правните субјекти со најдобри практики во 2018 година.

Повикот го образложи, г-дин Борче Стојчевски, член на ЗИЗ ТУТЕЛА.

Тој потенцираше дека на повикот аплицираа:

22 Правни субјекти

-кои доставија22 апликации

-со 22 добри практики

Членови на комисијата која ги евалуираше пристигнатите апликации на правните субјекти, беа:

1. Светлана Ристовска Антиќ – Организација на работодавачи

2. Горан Сековски – Стопанска комора на Македонија, групација БЗР

3. Ангел Панев – Конфедерација на слободни синдикати

4. Тони Војнески – Државен инспекторат за труд и член на Националниот совет за БЗР

5. Слободанка Таушанова – Државен инспекторат за труд

Согласно одлуката на комисијата, за најдобри практики беа избрани,

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)

1.ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ

2. ЈСП СКОПЈЕ, СКОПЈЕ

3. ДТУ ВИЗАРД СИСТЕМИ ДООЕЛ, СКОПЈЕ

Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)

1. СУГС ВЛАДО ТАСЕВСКИ, СКОПЈЕ

2. СЕМОС ЕДУКАЦИЈА, СКОПЈЕ

3. СУПОРТ & СОЛУШОНС ЦЕНТАР МК

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)

А) Мали претпријатија – до 50 вработени

1. РОЈАЛ ВАСЕ ДООЕЛ

2. ЕВН ЕЛЕКТРАНИ ДООЕЛ, СКОПЈЕ

3. ДЕЛТА МКС ДООЕЛ, СКОПЈЕ

Б) Средни претпријатија – до 250 вработени

1. ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, СКОПЈЕ

2. КЕМЕТ ЕЛЕКТРОНИКС КМ, СКОПЈЕ

3. МЛЕКАРА АД, БИТОЛА

В) Големи претпријатија – над 250 вработени

1. АЛКАЛОИД АД, СКОПЈЕ

2. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ, СКОПЈЕ

3. ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ, ПРИЛЕП

По прогласувањето на најдобрите правни субјекти од страна на проф. д-р Марија Хаџи Николова беше промовиран третиот број на Првото стручно списание за БЗР ТУТЕЛА, при што нагласи дека и со овој број продолжува соработката со Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларијата во Скопје.

На крајот на настанот г-дин Љупчо Кочовски, ги најави :

Фотографиите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк :

https://photos.app.goo.gl/nGcRYGFa9hQCqnHy9

линкови од настнот:


Настанот го спонзорираа:

Настанот го поддржаа:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *