Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Вторник, 12.06.2019 година – Кино Култура

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, успешно ја реализира, четвртата обука, чија основна цел е подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Во соработка со Здружението за безбедност при работа 28 Април, успешно се реализира обука на тема ,, Опасни материи – препознавање, категоризација, влијанија, обврски, ЛЗО ”.

Како и на прертходните обуки и овој пат, интересот за присуство беше голем, меѓутоа од оваа обука, конечно се воведе праксата, бесплатните обуки кои ги организира ЗИЗ Тутела, ќе бидат наменети само за членовите на Здружението.

Големиот интерес на учесниците, активната вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека ЗИЗ Тутела го трасира новиот современ пат на развој и унапредување на струката.

Веруваме, дека со секој нареден настан, ќе успееме да го задржиме интересот на сите чинители од областа, преку воведување на нови идеи, нов пристап и нова енергија.

https://photos.app.goo.gl/ZuGCeGLZrwEkQy8v7

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *