Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари,

12.09.2019 г., х.Континентал, Скопје

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, успешно ја реализира, петтата обука, чија основна цел е подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Во соработка со Институтот за стандардизација на РСМ, фирмата Стенсо Мак, Скопје и поддршка од Здружението за безбедност при работа ..28 Април”, Скопје, во присуство на 78 колеги заштитари, успешно се реализира обука на тема:

„СТАНДАРДИ во БЗР – пристап, значење, примена, имплементација“

Големиот интерес на учесниците, активната вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброја во категоријата успешно организирни.

Следејки го интересот и потребите на стручната фела, веруваме, дека и во иднина ќе продолжиме , со секој нареден настан, да успееме да го задржиме интересот на сите чинители од областа, преку воведување на нови идеи, нов пристап и нова енергија.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/xBkFDKXsih2Ny8bG8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *