Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари,

08.10.2019 г., х.Best Western, Скопје

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, успешно ја реализира, шестата обука, чија основна цел е подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Во соработка со фирмата АРМОР ПЛУС, Скопје и поддршка од Здружението за безбедност при работа ..28 Април”, Скопје, во присуство на 98 учесници, успешно се реализира обука на тема:

„РАБОТИ НА ВИСИНА – РАБОТИ БЕЗБЕДНО“

На обуката покрај членовите на ЗИЗ Тутела, присуствуваа и претставници на Државниот инспекторат за труд и членови на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

И за оваа обука, интересот за учество беше голем. Целиот тек на обукарта, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самата обуката, е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.

Следејки го интересот и потребите на стручната фела, веруваме, дека и во иднина ќе продолжиме , со секој нареден настан, да успееме да го задржиме интересот на сите чинители од областа, преку воведување на нови идеи, нов пристап и нова енергија.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/3MeSR1mDXMiXgASu8

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Следат активностите за ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА ЗА БЗР !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *