Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари, почитувана јавност, почитувани претставници на државните институции кои ја креираат политиката и во чија надлежност е областа БЗР, ни претставува посебна чест на крајот проектот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2019″, да ги сублимираме сите активности и да ви ја претставиме во најкратки црти ползата од самиот проект. Поточно, одиме чекор по чекор и тоа:
ПРЕД СЕ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ НА СИТЕ УЧЕНИЦИ; НАСТАВНИЦИ; ПРАВНИ СУБЈЕКТИ – ПОДДРЖУВАЧИ НА ЦЕЛАТА АКТИВНОСТ
– Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен и од страна на Министерството за образование и наука (број 12-3216/4 од 12.04.2019 г.) и Бирото за развој на образованието, како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за -безбедност и здравје од најмала училишна возраст кај учениците.
-Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2019″, за избор на најдобрите литературни творби на тема БЗР, изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој за прв пат се одржува, со тенденција да стане традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:
ООУ ,,Страшо Пинџур”, с.Соколарци
ООУ ,,25 Мај”, Скопје
OOУ ,,Алаксандар Здравковски”, Јегуновце
ООУ “Орце Николов”, с.Ињево, Радовиш
ООУ „Гоце Делчев“, с.Љубанци, Бутел
ООУ „Димката Ангелов Габерот“, с.Ваташа
ООУ „Кирил и Методиј“, Стојаково
ООУ „Страшо Пинџур“, с. Мало Коњари
ООУ ,,11 Октомври”, Скопје
ООУ ,,Вера Јоциќ”, Гази Баба
ООУ ,,Гоце Делчев”, Прилеп
ООУ ,,Даме Груев”, Битола
ООУ ,,Димче Ангелов Габерот”, Демир Капија
ООУ ,,Никола Вапцаров”, Струмица
ООУ ,,Никола Карев”, Радовиш
ООУ ,,Партенија Зоографски”, Скопје
ООУ ,,Св. Кирил и Методиј”, Битола
ООУ ,,Св.Климент Охридски”, Македонски Брод
ООУ ,,Св.Наум Охридски”, Охрид
ООУ ,,Св.Кирил и Методиј“, Иловица
ООУ ,,Гоце Делчев”, н.Илинден
ООУ „Браќа Миладиновци“, Скопје
ООУ „Св. Кирил и Методиј“, с. Бучин, општина Крушево
ООУ „Славејко Арсов“, Штип
ООУ „Григор Прличев“, Охрид
ООУ ,,Љубен Лапе”, Аеродром
ООУ „Браќа Рамиз-Хамид“, Скопје
ООУ „Гоце Делчев“, Виница
ООУ ,,Св.Климент Охридски”, Охрид
ЦОУ ,,Христо Узунов”, Другово, Кичево
-Заклучно со крајниот рок за поднесување, поднесени се вкупно 176 творби, од кои 127 песни и 47 раскази.
-Во втората фаза, следуваше комисиско разгледување на пристигнатите творби и избор на најдобрите, кои беа објавени на настанот во х.Арка, кој ќе се организираше на ден 24.04.2019 година, по повод одбележувањето на 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.
Членови на комисијата која ги евалуираше творбите, беа:
1. Селма Исак – ООУ ,,25-ти Мај”, Гази Баба
2. Даниела Христова – ООУ,,Гоце Делчев”, Делчево
3. Марија С. Стојчевска – ООУ,,Гоце Делчев”, Илинден
4. Драгица Петрова – ООУ,,Славејко Арсов”, Штип
5. Петар Јанчев – ООУ,,Кирил и Методиј”, Богданци
6. Ангелина Костовска – ООУ,,Александар Здравковски”, Јегуновце
7. Јулијана Николиќ- ООУ,,Љубен Лапе”, Аеродром
8. Јасмина Трајковиќ – ООУ,,Вера Јоциќ”, Гази Баба
9. Ленче Наќева – ООУ ,,Никола Карев”, Радовиш
10. Александра Упале – ООУ,,Св.Кирил и Методиј”, Битола
11. Ивана Краљевска – ООУ,,Браќа Миладиновци”, Аеродром
12. Наташа Стоилкова – ООУ,,Св.Кирил и Методиј”, Босилово
13. Мери Крстеска – ООУ,,Св.Климент Охридски”, Охрид
Согласно одлуката на комисијата, беа наградени следните трудови
Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
1 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Јована Буковалова | 5-2 |
2 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Илина Крстева | 5-а |
3 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Мила Величковска | 3-б |
Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)
1 | БЕЗБЕДНОСТА НЕ Е ШЕГА | Петар Стојаноски | 5 |
2 | ПЕТАР И НАПО | Кирил Стојчевски | 4-б |
3 | ЗАВАРУВАЧ | Благојче Ристовски | 4-г |
Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)
1 | БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ | Мартина Ангеловска | 8-а |
2 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Мила Кралева | 7-3 |
3 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Марија Петрова | 7-2 |
Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)
1 | СЕКОЈ ЖИВОТ ВРЕДИ ЦЕЛА ВСЕЛЕНА | Снежана Лазаревска | 6-1 |
2 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Ивана Маркоска | 6-3 |
3 | БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА | Лина Боцевска | 6-3 |
-Четврток, 24.10.2019 г., сала на Фонд за иновации и технолошки развој. За првпат во РС Македонија, се промовира збирка на песни и раскази која тематски ја опфати областа безбедност и здравје при работа (БЗР). Збирка на литературни трудови изготвени од дечиња од прво до деветто одделение, ученици во основните училишта во Македонија. Збирка која ја разби класиката и монотионијата во областа. Збирка која се појави како продукт на искрена заложба на стручните Здруженија и финансиска поддршка во фазата на печатење од ЕВН Македонија АД, Скопје.
-Збирката песни и раскази ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”, е бесплатно издание кое ќе биде дистрибуирана до основните училишта во РС Македонија.
-31.12.2019 г. Збирката песни и раскази ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ” е во рацете на малите творци кои со право се гордеат со неа.
Овде можете да ги погледнете фотографиите од гордите мали творци https://photos.app.goo.gl/WhHymKehYATiwy4M8
ПРОДОЛЖУВАМЕ !!!
БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2020 – ПРОЕКТ ОДОБРЕН ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА.
СЛЕДЕТЕ НЕ !!!