Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,


На седницата на ИО (08.01.2020 г.) , a во врска со новиот Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, одлучено е да се достави Допис, реакција до МТСП за содржината и начинот на донесување на истиот.
Во прилог содржината на Дописот.

Со почит
ИО на ЗИЗ Тутела

До

Министер за труд и социјална политика,
Г-ѓа Рашела Мизрахи

Копија

-Г-ѓа Санела Шкријељ, Дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, и

Г-дин Дарко Дочински, Заменик раководител на сектор за трудово право и социјална политика

Скопје

Дата: 09.01.2020 г.

Предмет: Нов Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа

Почитувана г-ѓа Министерка,

Пред се Ви го честитаме назначувањето, со искрени желби за успешна работа и соработка на полето на безбедност и здравје при работа, во иднина.

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,  е најмладо Здружение, кое своите програмски определби ги базира на промоција и унапредување на областите безбедност и здравје при работа (БЗР) и противпожана заштита(ППЗ). Здружението е основано на 28.02.2018 г, и во моментот претставува едно од најбројните Зруженија од областа БЗР и ППЗ, кое опстојува и функционира на теритотијата на државата, со моментална бројка од 116 активни членови, со уредно подмирена членарина, кои активно преку правните субјекти во кои работат или самостојно работат на полето на БЗР и ППЗ.

Целта на овој Допис до Вас, е искажување на нашето незадоволство од начинот на донесување и објавување на новиот Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа објавен во Службен весник на РСМ, бр. 275 од 27.12.2019г..

 Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, учестваше на сите состаноци, организирани од страна на МТСП – на покана од г-динот Дарко Дочински.

До сега беа организирани работни состаноци на две теми и тоа:

  • 29.03.2019 -Процес на ревидирање и унапредување на законската рамка за БЗР 
  • 02.09.2019 – Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа
  • 16-18.10.2019 – Процес на ревидирање и унапредување на законската рамка за БЗР – ревидирање на постоечкиот Закон за БЗР

На состанокот на 02.09.2019 г., каде единствена точка за дискусија беше Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа, на кој писуствуваа и претставници на уште две Здруженија кои ја покриваат областа БЗР, од стрна на присутните претставници на МТСП, г-ѓа Мирјанка Алексевска и г-дин Дарко Дочински, генерално ни беше презентирано дека основна цел на измените на Правилникот се само претворање на цените од валута евро во валута денар, но и тоа дека наскоро ќе се донесе нов Закон за БЗР или негови измени, со кои не би се знаела потребата од ваков Правилник.

Земјки го тоа во предвид, се разбира ,,со резерва” како Здружение, по извршени опсежни консултации со нашите членови, на ден 06.09.2019 г., преку e mail ги доставивме нашите забелешки со напомена на следното ,,Согласно договорот од состанокот на 02.09.2019 година, а по извршени консултации со сите членови на ЗИЗ Тутела, во прилог на овој е маил Ви ги доставуваме конструктивните забелешки по самиот Правилник за висина на трошоците за извршување на стручни работи за БЗР.Би напоменале дека голем број на членови реагираа на површните измени на самиот Правилник, но сакајки да се придржиме кон договореното, сумарно и едногласно се усвои верзијата која Ви ја доставуваме во прилог на овој е маил, поточно верзијата 2а, која ни беше доставена како можна од страна на МТСП.”

Меѓутоа и покрај нашите забелешки и претходно договореното на состанокот во МТСП, верзијата која е објавена на крајот од 2019 година, во Службен весник на РСМ, бр. 275 од 27.12.2019 г., нема никаква допирна точка со тоа што се усогласуваше и договараше на состанокот, а уште помалку со нашите забелешки.

Искрено, како Здружение во кое членуваат и обединува голем број од стручната фела која и работи во правните субјекти, кои треба да се придржуваат до новиот Правилник, потенцираме, дека објавениот Правилник, нема да помогне во реално допрецизирање на условите и стандардите во областа БЗР, напротив ќе продуцира само продажба на поскапа или поевтина хартија која ќе служи само за покажување пред инспекциските органи дека се задоволени законските барања, од една страна. Од друга страна им наложува на работодавачите да ги ревидираат своите договори со овластените правни лица и да ги усогласат цените согласно актуелниот Правилник, што ќе претставува и те како дополнителен товар и трошок за истите. Самиот Правилник продуцира низа прашања и нејасностии, поточно, не е јасно што со веќе отпочнатите процеси и веќе склучени договори за цена според претходниот Правилник – ќе се почне од почеток или ќе се продолжи според новиот Правилник, а ќе се ревидираат договорите? Која ќе биде импликацијата врз работодавачите доколку некоја од услугите се пролонгира поради новиот трошковник (нови тендерски постапки, нови договори и сл.), а во меѓувреме се случи повреда на работа? Чија ќе биде одговорноста поради непоседување на одредена документација? Бидејки на овластените правни лица може да им се одземе овластувањето доколку не ги применуваат одредбите од Законот и Правилниците, што ќе се случи доколку постапката, на пример за проценка на ризик, е отпочната според стариот Правилник, а завршена по донесување на новиот и се фактурира по стариот Правилник? Дали на овластените правни лица ќе им се одземе овластувањето бидејки постапиле по договорот и не го примениле новиот Правилник? Или пак, ако во ваков случај се фактурира според новиот Правилник и работодавачот не сака да ја плати фактурата бидејки во договорот стои друг износ, дали МТСП ќе ја надокнади разликата.

Генерално сега имаме многу повеќе „што ако“, без соодветни одговори.

Наместо со новиот Правилник да ги поправиме утврдените недостатоци во претходниот, се отворија многу поголеми, поради нејасностии и недодефинирани одредби.

За крај би напомнале дека со вакви паушални решенија, каде како параван се користат Здруженија или други организации (како учесници на работилници, состаноци и сл.), за на крај да се донесуваат и усвојуваат ,,нечии лични желби и потреби”, се руши пред се угледот на МТСП и надлежните институции.

За да може областа БЗР непречено да се унапредува и функционира, потребни се подлабоки системски реформи, во сите сегменти на БЗР, се разбира доколку сакаме да се намали бројот на повреди на работа.

Искрено се надеваме дека како актуелен Министер, ќе се заложите и областа БЗР да го добие своето заслужено место во општественото уредување и хиерархија.

Со почит,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА
ТУТЕЛА, Скопје
П Р Е Т С Е Д А Т Е Л
М-р Дејан Ангеловски

Оригиналната верзија на Дописот можете да ја превземете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *