Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела, 

Согласно контактите со дел од членовите на ЗИЗ Тутела и после средбата на ден 17.01.2020 г., земајки го во предвид и Дописот до МТСП во врска со  новиот Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа , се појавија голем број на отворени прашања, нејасни термини, обврски и активности. Со единствена цел расчистување и точно појаснување на сите нејаснотии во новиот Правилник, ИО на ЗИЗ Тутела одлучи да во координација со сите членови на ЗИЗ Тутела, се изготви сублимиран прашалник кој ќе биде доставен до МТСП, од каде ќе се побара појаснување (толкување) на сите отворени прашања, нејасни термини, обврски и активности.

По приемот на сите забелешки и прашања од страна на членовите на ЗИЗ Тутела и сублимирање на истите, денес (22.01.2020 г.) е доставен Допис до надлежните во МТСП, од каде е побарано во интерес на сите, да ни достават унифицирано толкување на оредбите од Правилникот, со цел да не ги доведaт во неповолна положба (казнени одредби, правна одговороност), поради непочитување на подзаконските одредби, правните субјекти и лицата кои работат во нив.

Се надеваме дека стручните служби во МТСП кои го изготвија и одобрија овој Правилник, во интерес на непречено функционирање и примена на истиот, ќе достават официјален и транспарентен одговор, а со тоа и разрешување на сите нејаснотии и дилеми во врска со новиот Правилник.

Во очекување на одгвор,

Со почит,

ИО на ЗИЗ Тутела

Целиот допис во оригинална форма можете да го превземете овде:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *