д-р Криста Селдачек,
Извршен Директор на EU OSHA

Статија за кампањата Здрави работни места 2020-2022 за списанието Тутела, Македонија (медиумски партнер за време на кампањата
„Управување со опасни материи“)
Милиони работници низ цела Европа страдаат од мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата. Најчестите МСН поврзани со работата се болки во грбот и болки во горните екстремитети. Бројни
физички, организациони, психосоцијални и индивидуални фактори
можат да придонесат за нивниот развој. Според Европското истражување на претпријатијата за нови ризици за 2019 година, најчесто пријавуваниот фактор на ризик во ЕУ-27 е повторувачки движења на дланка или рака (пријавени од 65% од претпријатијата). Други ризици поврзани со МСН вклучуваат продолжено седење (61%) – најчесто се смета за нов ризик на МСН – кревање или преместување лица или тешки товари (52%), временски притисок (45%) и заморни или болни позиции (31%).
Иако МСН може да се спречат (превенираат), тие и понатаму остануваат најчестиот здравствен проблем поврзан со работата во Европа. Ова предизвикува загриженост не само заради нивното влијание врз здравјето на поедини работници, туку и заради нивното штетно влијание врз претпријатијата и националните економии.
Во октомври 2020 година за време на Европската недела за безбедност и здравје при работа, EU OSHA ќе ја започне својата кампања за здрави работни места, фокусирајќи се на превенцијата на МСН поврзани со работата. Кампањата ќе трае до ноември 2022 година и ќе го промовира управувањето и спречувањето на проблемот.

Истата ќе опфати неколку приоритетни области, вклучително и ергономско работно опкружување, рана интервенција на МСН, физички активности и како може психосоцијалните
ризици да влијаат на МСН. Кампањата исто така вклучува и конкурс за награди за добра практика ширум Европа, препознавајќи успешни и одржливи иницијативи за управување со МСН поврзани со работата.
Веќе можете да добиете првични информации за кампањата. Новата
веб-страница (која ќе биде објавена на 29 април 2020 година) изобилува со информации и корисни ресурси за МСН поврзани со работата и зошто ние мора да управуваме со нив. Многу алатки и ресурси ќе бидат додадени на повеќе јазици, во насока на започнување со кампањата.

За повеќе информации, посетете ја веб страната https://healthyworkplaces.eu, делот thematic section on MSDs (https://osha.europa.eu/en/themes/musculoskeletal-disorders) или следете го хаштагот #Euhealthyworkplaces.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *