Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

10.09.2020 г., Ресторан ГРАДИНА, Скопје

Обука во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела,Скопје и Македонското здружение за медицина на трудот, со поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје.
Самиот настан со средства за заштита од Sars Cov 2 вирусот, беше поддржан од Стенсо МАК (заштитни маски) и Алкалоид АД, Скопје (средства за дезинфекција).

Во присуство на 105 присутни членови на двете Здруженија, претставници од МТСП, ДИТ, Фондацијата ФЕС, согласно сите препораки и протоколи за заштита во услови на светска пандемија од КОВИД 19, се обработи темата:

,,Превенција и управување со мускуло-скелетни нарушувања поврзани со работата”

Во Европа, мускулно-скелетните нарушувања сè уште, се еден од најчестите здравствени проблеми поврзани со работата. Ризиците предизвикани од неправилно држење на телото, изложеност на повторливи движења, заморни или болни позиции на телото и носење или придвижување на големи товари, се многу чести фактори на ризик на работното место што можат да предизвикаат мускулно-скелетни нарушувања. Со оглед на преваленцата на мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата, јасно е дека треба да се стори повеќе за да се подигне свеста за начините на борба против нив.Целта на обуката е преку заедничко согледување на причините за овој постојан здравствен проблем, да се обидеме да поттикнеме интегриран пристап кон управување со проблемите и да понудиме практични алатки и решенија што можат да помогнат на работното место.

На почетокот на присутните се обратија претседателите на двете Здруженија и директорот на државниот инспекторат на труд , г-дин Алајдин Хавзиу.

Потоа следеше обраќањето на г-ѓа Мирјанка Алексевска од МТСП – кое воедно и е FOCAL POINT (EUOSHA), која накратко ги претстави планираните активности во наредниот период на МТСП кои се во врска со актуелната тематска кампања за здрави работни места на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), а во пресрет на Европската недела за БЗР.

Во понатамошниот тек беа обработени следните теми:

1.Ергономијата во насока на превенција од мускулоскелетни заболувања – Доц. д-р Трајче Велковски

2. Поврзаност помеѓу хроничен лумбален синдром и остеопороза во корелација со полот и нивото на витамин Д кај канцелариски работници – Д-р Маја Панајотовиќ Радевска – МЗМТ

3. Мускулноскелетните нарушувања – најчеста причина за намалување и загуба на работоспособноста – Др. Гоце Младеновски – МЗМТ

4. Рачно пренесување на товар како можна причина за скелетно мускулни заболувања – проценка на ризик – М-р Борче Стојчевски, стручно лице за БР – ЗИЗ Тутела

Целиот тек на настанот, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самиот настан, е потврда дека и овој настан, како и претходните во организација на ЗИЗ Тутела и Македонското здружение за медицина на трудот, се вброи во категоријата успешно организирни.

Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот линк:

https://photos.app.goo.gl/63unZNJ5svjsUsDa7

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *