Како дел од одбележувањето на Европската недела за БЗР, во ООУ,,Гоце Делчев”, с.Љубанци, Општина Бутел, беше промовирана ВТОРАТА Збирка песни и раскази ,,БЗР од МАЛИ НОЗЕ”.

На настанот беа доделени Пофалници и награди за учениците од ова училиште (во категорија 4 – расказ на тема БЗР за ученици од VI-то до IX-то одделение, младите творци од ова училиште освоија прво и трето место) за самото училиште како училиште во кое учи ученикот кој добил прва награда и неговиот ментор. За останатите учесници во конкурсот беа доделени Благодарници за учество.

Во наредниот период ќе бидат доделени и другите награди и признанија на останатите млади творци учесници во проектот БЗР од МАЛИ нозе.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *