ПОВИК ЗА УЧЕСТВО!!!

Почитувани,

Ни претставува посебна чест, ДА ВЕ ПОКАНИМЕ, да земете активно учество со аплицирање, квалификување и во изборот, на најдобрите правни субјекти во 2020 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места.

Цeлокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми АПРИЛ, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции.

Рокот за апликација започнува на 01.03.2021 г. и ќе трае до 02.04.2021 г.

Објавувањето и доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која планирано е да се одржи на ден 28. 04. 2021 г. (четврток), на која ќе бидат поканети претставници од сите чинители во областа БЗР и учесниците во Повикот.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА

Право на учество има секој правен субјект кој е регистриран во Централниот регистар на РС Македонија.

Формуларот за пријавување на Повикот можете да го превземете овде:

во формат Ms Office :

во формат .pdf :

Во самиот формулар за пријавување, детално Ви е опишана целата постапка.

Во зависност од дејноста и бројот на вработени, секој правен субјект ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)
Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)
А) Мали претпријатија – до 50 вработени
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени
В) Големи претпријатија – над 250 вработени
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Прилогот кон Формуларот за пријавување на Повикот, за категорија 4, можете да го превземете овде,

во формат Ms Word :

во формат .pdf :

Имајќи во предвид, дека скоро целата 2020 година беше во знак на Светската Пандемија на COVID-19 и голем број од работните активности беа реализирани согласно препораките и мерките на Владата на РСМ, за овој повик воведуваме уште една категорија

категорија 5 – Мерки и средства за спречување на ширење на SARS-CoV-2 вирусот

Прилогот кон Формуларот за пријавување на Повикот, за категорија 5, можете да го превземете овде,

во формат Ms Word

во формат .pdf :

Ако имате прашања во врска со Повикот за годишни награди за добри практики во областа БЗР во 2020 година, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com и тел. 070 / 54 79 41 (Лидија).

НАПОМЕНА: Секој правен субјект (апликант), со самиот формулар (апликација), да достави контакт податоци, на личност од правниот субјект (апликантот), која ќе биде вклучена и контактирана во текот на целиот процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *