Во првата фаза од повикот за аплицирање, квалификување и избор, на најдобрите правни субјекти во 2020 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места, во сите 5 (пет) категодии од повикот, апликација поднесоа 28 правни субјекти кои работат на територијата на РС Македонија.
Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД) – 4 (четири) Правни субјекти
Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД) – 3 (три) Правни субјекти
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)
А) Мали претпријатија – до 50 вработени – 4 (четири) Правни субјекти
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени – 3 (три) Правни субјекти
В) Големи претпријатија – над 250 вработени – 4 (четири) Правни субјекти
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. – 3 (три) Правни субјекти
Категорија 5 – Мерки и средства за спречување на ширење на SARS-CoV-2 вирусот – 7 (седум) Правни субјекти
Во втората фаза следи формирање на комисија, која стручно и најтранспарентно ќе ги евалуира и избере, најдобрите правни субјекти за 2020 година, кои допринеле во сопствениот развој и ЗАШТИТАТА НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места,