Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2021 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој трет пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:

– ООУ„Св.Климент Охридски“ , Македонски Брод
– ООУ„Св.Климент Охридски“ , ПУ,,Манастирец”, Македонски Брод
– ООУ„Гоце Делчев“, Горно Лисиче, Аеродром, Скопје
– ООУ„Св. Кирил и Методиј“, Иловица, Босилово
– ООУ „Страшо Пинџур“, с. Мало Коњари, Прилеп
– ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес
– ООУ„Гоце Делчев“, Босилово

– ООУ “Гоце Делчев“ – н.Илинден
– ОУ,,Христо Узунов”, с.Другово, Кичево
– ООУ„Браќа Миладиновци”, Аеродром
– ООУ „Крсте Мисирков”, Куманово
– SH.F.K. Imri Elezi – ИМРИ ЕЛЕЗИ, Чаир, Скопје
– ООУ„Славејко Арсов“ , Штип
– ООУ„ Дане Крапчев “, Маџари, Гази Баба, Скопје
– Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со oштетен вид Димитар Влахов, Кисела Вода, Скопје
– ООУ „Кочо Рацин“, Куманово

– ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Кисела Вода, Скопје
– ООУ„Св. Климент Охридски“, Драчево, Кисела Вода, Скопје

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен и од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ( бр.12-3196/4 од 16.04.2021 година), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.

Заклучно со крајниот рок за поднесување, поднесени се вкупно 109 творби, од кои 79 песни и 30 раскази.

Emoji

“Со задоволство  и мотив , на час по додатна настава , моите третоодделенци твореа за учество на  Вашиот конкурс. Ви благодариме за можноста ! Пред СЕ научивме за безбедност при работа , разговарајќи за повеќе  случувања.
Со почит  одделенски наставник  Николина Милевска, при ООУ „Кочо Рацин“ Куманово ,,

Во втората фаза, следи комисиско разгледување на пристигнатите творби, тематска селекција и избор на најдобрите, кои ќе бидат објавени на настан кој ќе се организира на ден 28.04.2021 година, по повод одбележувањето на 28 aприл, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2021″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР.

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ !!! ВО МЛАДИТЕ Е ИДНИНАТА!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *