Како Здруженија кои активно работат на промоција на областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, а по повод 28 Април Светскиот ден за БЗР, трите Здруженија кои ги обединуват стручните лица за безбедност при работа (ЗПРБ,Битола, ЗБР 28 Април, Скоје и ЗИЗ Тутела, Скопје) организира on-line настан, под мотото
БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ДА ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИДНИНАТА!
Настанот, први го отворија Претседателите на двете Здруженија (М-р Дејан Ангеловски – ЗИЗ Тутела, Скопје и г-дин Благоја Богоевски – ЗБР 28 Април,Скопје) и претставникот од ЗПРБ, Битола г-ѓа Стефка Јанковска Петковска. После свое обраќање имаа Националниот кординатор ма МОТ г-дин Емил Крстановски и Претседателката на Советот за БЗР, проф. д-р. Јасмина Чаловска,
Следна на настанот се обрати Директорката на Државниот инспекторат за труд М-р Јована Тренчевска,
Потоа се обратија претставниците на ОРМ г-ѓа Белинда Николовска и претставникот на ССМ г-дин Златко Цветковски.
Како Претседател на Македонското здружение за медицина на трудот на присутните им се обрати и д-р Злате Мехмедовиќ, кој истакна дека пораката е јасна: Никој не треба да биде ставен во позиција да го загуби здравјето на работното место за да може да заработи за живот.
По обраќањето на д-р Злате Мехмедовиќ се продолжи со прогласување на наградените трорби од Повик за избор на најдобар расказ и песна, чија тема е безбедност и здравје при работа „БЗР од мали нозе”, (проект одобрен од МОН под бр.12-3196/4 од 16.04.2021 година)
И во последниот дел од настанот се доделија наградите за правните субјекти кои учествуваа на повикот за избор, на најдобрите правни субјекти во 2020 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места
ДЕЛОТ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ВИДЕО КЛИП
ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!