По повод одбележувањето на 28 април – Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа, организираше онлајн настан насловен: „Да инвестираме сега во силни и флексибилни системи за БЗР“. На настанот учество земаа претставници од Советот за безбедност и здравје при работа, Меѓународната организација на трудот, Државниот инспекторат за труд, Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи и претставници на СТУРЧНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА кои ги обединуват стручните лица по безбедност при работа.

ПРво на присутните им се обрати Министерката Шахпаска која меѓу дугото истакна ,,Одбележувањето на 28 април треба сите да не поттикне заеднички да работиме и на подигнување на јавната свест за безбедноста и здравјето при работа, затоа што сите ние заеднички ја споделуваме и одговорноста и обврската да работиме на превенирање на несреќите, смртните случаи, повредите и заболувањата поврзани со работата. А колку е тоа навистина важно и неопходно, ни покажа, меѓу другото токму и оваа пандемија со која се живееме еве веќе втора година“,

Повеќе за обраќањето на Министерката можете да прочитате на следниот ЛИНК

На настанот свое обраќање имaа и Претседателката на Советот за БЗР, претставникот на канцеларијата на МОТ во Скопје, Директорката на ДИТ, Претседателите на ОРМ и ССМ, за на крај настанот да заврши со презентација на д-р Александар Петличковски на тема COVID 19 и работното место, Како да останете здрав и безбеден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *