Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
Ве информираме дека од 15 до 17.06.2021 г. , претставник на ЗИЗ Тутела и претставници на Државниот инспекторат на труд на РСМ (ДИТ) имаа работна посета на колегите од сродните институции на Република Црна Гора.
Врз основа на Меморандумот за соработка со ДИТ, членот на ИО на ЗИЗ Тутела, г-дин Борче Стојчевски, Директорката на ДИТ г-ѓа Јована Тренчевска и г-дин Тони Војнески, остварија заеднички работни средби со претставници на Министерството за економски развој – Дирекција од областа заштита и здравје при работа, Управата за инспекциски работи, Институтот за развој и истражување во областа заштита при работа на Црна Гора и претставници на невладини организации.
Во текот на средбите, покрај размена на досегашните искуства, беа договорени и низа на идни заеднички активности во интерес на унапредување на областа Безбедност и здравје при работа во двете држави.