Почитуван г-дин Бобан Илијевски,
Пред се да се извиниме за периодот на одговор, што со нашите интерни процедури, а во врска со Вашето барање, никогаш не може да биде веднаш. Секој одговор или преписка пред да биде пратен или објавен поминува и е одобрен од страна на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, за овој начин на функционирање Ве информиравме и во една претходна наша комуникација.

Овој начин на одговор го избравме од претходно искуство со Вашиот портал.

На 11.05.2021 година на contact@tutela.org.mk e пристигнат е-mail со следната содржина:

Името на компанијата оставаме да го објавите ВИЕ при пишувањето на Вашата Статија или Приказна (последниов збор е Ваш од преписка со ЗИЗ Тутела).

Пристигнатиот e-mail e проследен до членовите на ИО на ЗИЗ Тутела и се работеше на подготвување на Одговор, но на 14.05.2021 година, повторно на contact@tutela.org.mk пристигнува уште еден e-mail со следната содржина:

Името на компанијата оставаме да го објавите ВИЕ при пишувањето на Вашата Статија или Приказна (последниов збор е Ваш од преписка со ЗИЗ Тутела).

Пред почеток на одговорот напоменуваме дека Стручните Здруженија кои работат на полето на БЗР и ги обединуват стручните лица за безбедност при работа (Здружение за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружение за безбедност при работа 28 АПРИЛ, Скопје и Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје) во последните три години (2019, 2020 и 2021 година) организират јавен повик за добри практики во 2019 година и во 2021 година. Во 2020 година поради светската пандемија со COVID 19, кога сите заедно (трите стручни Здруженија), стручно и на терен, се зафативме со активности со цел подршка на работниците и работодавачите за превземање мерки за спречување на ширењето на SARS CoV 2 вирусот, повикот беше прекинат.

Во врска со прашањето ,, Во последните три години на кои компании сте им доделиле награди за безбедност и здравје при работа?”, мораме да ве корегираме дека одговор можеме да ви дадеме само за 2019 и 2021 година, односно две години.

Во врска со првата година 2019 на организирање на повикот, ако сте ја разгледале нашата веб страна www.tutela.org.mk, одговорот го имате таму, и нема потреба од поголема елаборација. Отворете го следниот ЛИНК
Во него ги имате сите одговори, поѓајќи од правни субјекти кои аплицирале, комисија која вршела евалуација и наградени компани.

Во врска со втората година 2021 на организирање на повикот, одговорот би бил ист, и сите одговори ги имате на следниот ЛИНК
поточно ка крајот во самата објава стои

Видео клипот можете да го погледнете на следниот ЛИНК , при тоа одговорот на Вашето прашање го има од 34:46 минута од видео клипот па натаму.

За подетални информаци ќе можеме да ви дадеме по завршување на Европската недела за БЗР, месец Октомври кога ќе биде организиран вториот дел од настанот и доделувањето на останатите награди. (Од аспект на заштитна на сценариото и планот и Програмата на активности за одбележување на Европската недела за БЗР)

Во врска со прашањето ,, Кои се критериумите за добивање на награди? “ , одговорот е следен:

Повикот на Стручните Здруженија се базира на добри практики кои ги има превземено правниот субјект и како основа за нивно одредување се користат следните параметри

• УТВРДЕН/ДЕТЕКТИРАН ПРОБЛЕМ: опис на тоа како, кога и во каква форма се утврдени опасности/ризици кои  произлегуваат, како и опис на нивните ефекти и резултати (влошување на здравјето, болест, несреќи, ефектите на производството и работата и сл.). Описот треба да биде јасен, така што секој што пристапува до информациите може да ги разбере чекорите што се превземале и причините зошто се прави тоа.

• РЕШЕНИЕ / ИНТЕРВЕНЦИЈА / ПРЕВЗЕМЕНИ МЕРКИ / ШТО И КАКО Е ПРЕВЗЕМЕНО ЗА ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ: опис на превземените мерки, на пример, развојот на политиката / интервенција, вклучување на работниците, имплементација. Описот треба да биде лесен за разбирање и да му даде на читателот јасна слика за интервенцијата / што е направено и како е направено.

• ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ / ЕФИКАСНОСТ НА МЕРКИ: резултати (на. пр Намалување на бројот на несреќи и професионални заболувања), придобивки (на пр. подобра работна средина). Ова може да вклучи човечки, социјални и економски трошоци, придобивки и позитивни резултати.

• ФАКТОРИ НА УСПЕХ: елементи од суштинско значење за постигнување на посакуваните резултати (на пр. Вклучувањето на работниците, посветеноста на раководните органи на правниот субјект, ангажирање на експерти за конкретна ситуација, други чинители од областа и сл.)

Одлуката и изборот се врши од страна на независна комисија, составена од претставници на релевантни државни институци и претставници на работниците и работодавачите. Секој од присутните членови на комисијата независно еден од друг, врши самостојна евалуација и рангирање на секој правен субјект согласно пристигнатата апликација. По завршувањето на самостојната евалуација, се врши сумирање на сите евалуаци и рангирање на правните субјекти.

Ако го отворите следниот ЛИНК ќе видите дека сето погоре наведено јавно и транспарентно е објавено и лесно достапно за секој заинтересиран.

Во врска со Вашите констатации наведени во e mailot, напоменуваме дека такви констатаци, причини, последици, грешки не се во надлежност на Стручните Здруженија, тоа се надлежности на државните институци.
Напоменуваме дека целата на самиот повик како краен исход има пред се размена на искуство помеѓу стручните лица и размена на добри практики меѓу правните субјекти.
Детали за тоа што е понудено од правните субјекти и што е наградено од членовите на комисијата можете да добиете во Декември месец 2021 година, на настанот кој традиционално после секој повик ќе го организираме со наслов ,, ДОБРИ ПРАКТИКИ – РАЗМЕНА – ИСКУСТВО – ЕДУКАЦИЈА “.
Ист таков настан организиравме и за првиот повик во 2019 година, детали можете да видите на следниот ЛИНК .
Ја користиме ова прилика ЈАВНО ДА ВЕ ПОКАНИМЕ ДА ПРИСУСТВУВАТЕ НА НАСТАНОТ, деталите и официјалната Покана ќе ви ги доставиме дополнително.

Мислиме дека со погоре наведеното го добивте одговорот на Вашите прашања, и ви благодариме за интересот за нашите активности.

За крај се извинуваме што на ваков начин Ви одговоривме на Вашиот e mail, но сакајќи да бидеме транспарентни до крај, а имајќи едно недоодговорено прашање од минатото и да не бидат залудни нашите одговори, ИО одлучи вака да се достави одговорот.

Само во интерес на јавноста да го појасниме последниот дел од одговорот. Имено на 16.01.2020 година, исто така преку е-mail ни доставивте прашања во како што наведовте ,,за тарифникот за БЗР

Како одговорно Стручно Здружение, по одобрување од страна на ИО, на 18.01.2021 година преку e-mail, Ви доставивме одговор на Вашите прашања.

Одговорот кој Ви беше доставен може да се превземе овде :

Помина одреден период па Ве прашавме преку апликацијата messinger за која цел ни ги побаравте одговорите, за што и добивме одговор, но … сеуште чекаме да се појави приказната.

Како и секогаш, ЗИЗ Тутела е отворена за соработка со сите чинители кои работат или ја поддржуваaт областа БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА.

Со почит и искрени желби за успешна соработка, во интерес на БЗР

ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *