ВНИМАНИЕ !!!
Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.
Овој пат со поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна Меѓународна обука, на тема:
,,МОБИЛНИ ГРАДИЛИШТА – пракса и легислатива”
Работата во градежништвото е една од најризичните дејности во поглед на повреди и нарушување на здравјето на работниците, и покрај тоа што законската легислатива постои повеќе од 10 години, повредите при работа во ова дејност се сеуште на високо ниво. Со цел допрецизирање на одредени обврски, чекори, мерки, средства и активности на одредени чинители од целокупниот работен процес на едно мобилно градилиште во 2008 година е донесен Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта (објавен во Сл. Весник на РМ бр.105/2008).
Од неговото донесување до денес се направени голем број на обуки, работилници, тркалезни маси, водени се голем број дискусии со цел да се доближат обврските кои поризлегуват до сите чинители од работниот процес, но, сеуште некако се тапка во место, затоа што праксата е пракса, а легислативата е легислатива. На терен работите не се баш така едноставни како што е зададено и наведено во легислативата.
Целта на Меѓународната обуката е преку заедничко согледување на причините за овој постојан проблем, разгледување на одредени искуства и решенија од колегите од неколку други држави, да се обидеме да поттикнеме интегриран пристап кон управување со проблемите и да понудиме практични алатки и решенија што можат да помогнат на сите чинители во самиот работен процес на мобилното градилиште, а преку тоа да иницираме формирање на работна група која ќе пристапи кон детална разработка и изготвување на нов функционален Правилник кој ќе го замени актуелниот Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта (објавен во Сл. Весник на РМ бр.105/2008).
Поканата за Меѓународната обука можете да ја превземете овде:
ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА
- Претставник од Државниот инспекторат за труд
- Претставник од Република Северна Македонија
- Претставник од Република Бугарија
- Претставник од Република Србија
- Претставник од Република Словенија
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 07.07.2021 година (среда), во Ресторан Градина (отворен дел) кај Стаклара, ул.Борис Трајковски, 1000, Скопје, термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА.
Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015, а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 10:00 часот на ден 02.07.2021 година.
Пријавата за Меѓународната обука може да ја превземете овде
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ДЕЛ
Во согласност со актуелните препораки на надлежните институции на денот на обуката, во поглед на мерките и средствата за заштита и спречување на ширење на КОРОНАВИРУСОТ, Организаторот во целост ќе ги превземе сите мерки за безбедна реализација на обуката.
За секоја дополнителна информација и одредени дополнителни протоколи кои би произлегле до моментот на отпочнување на обуката, сите пријавени учесници навремено ќе бидат информирани.
Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)
Поздрав,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, Скопје