Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

07.07.2021 година,
Ресторан ГРАДИНА, Скопје

Меѓународна стручна наменска обука во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела,Скопје, со поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје.

Модератор на настанот г-дин Љупчо Кочовски.

Во присуство на над 170 присутни членови на двете Здруженија, претставници од ДИТ, претседателот на Македонското здружение за медицина на труд, гости од Република Србија и Република Бугарија се обработи темата:
МОБИЛНИ ГРАДИЛИШТА – пракса и легислатива .

На присутните прво им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела, М-р Дејан Ангеловски кои истакна дека претставува посебно задоволство да се биде организатор и дел од ваков настан, на кој во присуство на толкав голем број на присутни се обработува тема која која отсекогаш била предизвик не само за стручните лица, туку и за државните институции и работодавачите, при тоа напоменувајќи дека работата во градежништвото е една од најризичните дејности во поглед на повреди и нарушување на здравјето на работниците, и покрај тоа што законската легислатива постои повеќе од 10 години, повредите при работа во ова дејност се сеуште на високо ниво.  Тој истакна дека целта на оваа обука е преку заедничко согледување на причините за овој постојан проблем, разгледување на одредени искуства и решенија од колегите од неколку други држави,  да се обидеме да поттикнеме интегриран пристап кон управување со проблемите и да понудиме практични алатки и решенија што можат да помогнат на сите чинители во самиот работен процес на мобилното градилиште, а преку тоа да иницираме формирање на работна група која ќе пристапи кон детална разработка и изготвување на нов функционален Правилник кој ќе го замени актуелниот Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта.

На самиот крај тој им се заблагодари на сите присутни, а посебно на членовите на ЗИЗ Тутела, напоменувајќи дека пред само два дена ЗИЗ Тутела го доби и својот 200-ти член, што е потврда дека Здружението е на добар пад да ги обедини стручните лица, кои само во тој случај ќе можат стручно да влијат и допринесат во развојот на БЗР во Р.С. Македонија.

Следен на присутните им се обрати претседателот на Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, М-р Благоја Богоевски, кој истакна дека бројот на присутни ни покажува денешната тема, буди огромен интерес кај сите чинители од областа.

По обраќањето на претседателите на двете Здруженија, на присутните им се обрати директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска. Во своето обраќање таа потенцираше дека темата која е актуелна на овој настан ,,Мобилни градилишта пракса и легислатива,, допира до многумина, не само до нас како ДИТ, туку и работотдавачите, вработените и стручните лица кои работат кај работодавачите или нудат надворешни услуги за нив.Во своето обраќање истакнав дека самата гранка градежништво, е еден од основните двигатели на економијата во нашата држава од една страна, но исто така знаеме дека е една од најризичите гранки, односно дејност во која во текот на годината имаме голем број повреди, кои за жал во одредени ситуации завршуват и фатално по животот на вработените.Надзорите во градежништвото и следење на активностите на градежните компании на терен е една од приоритетните активности на ДИТ, во поглед на исполнување и почитување на законските и подзаконските акти, а со самото тоа и зачувување на здравјето на вработените. Присуството и предавањата од страна на трудовите инспектори на денешниот настан, верувам дека ќе допринесат да се појаснат и дополнат одредени нејаснотии и дилеми кај градежните компани кои ги согледуваме и утврдуваме при контролите на терен.

Меѓу другото та истакна дека, дополнителна вредност на настанов е присуството и на предавачи од Република Словенија, Република Бугарија и Република Србија, кои ќе споделат искуства од своите земји, ќе презентираат начини на организација и справување со реални проблеми во дејноста градежништво во нивните земји кои секако ќе бидат од корист за сите нас во секојдневните наши работни активности.Државниот инспекторат за труд е отворен за соработка со сите чинители во општеството кои работат на темата безбедност и здравје при работа, како и до сега, така и во иднина ќе продолжиме да делуваме најпрофесионално во своето работење со една основна цел поддршка на работодавачите и заштита на вработените и нивните права.

Следен кој им се обрати на присутните беше д-р Злате Мехмедович, Претседателот на Македонското здружение за медицина на труд, кој накратко се осврна на успешната соработка со ЗИЗ Тутела, актуелната сосотојба со пандемијата на Sars-CoV-2 вирусот и заложбата за заедничка промоција на областа БЗР и продлабочување на соработката помеѓу стручните лица за БР и докторите по медицина на труд.

Пред почетокот на работниот дел од настанот од страна на претседателите на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, М-р Дејан Ангеловски и Здружението за безбедност и здравје при работа на Расинскиот округ – Крушевац, Р.Србија, Зоран Трајковиќ, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете Здруженија.

После потпишувањето на Меморандумот за соработка, на присутните им се обрати и Претседателот на Здружението за безбедност и здравје при работа на Расинскиот округ – Крушевац, Р.Србија, Зоран Трајковиќ, кој го искажа задоволството и се заблагодари за поканата за присуство на ваков настан, каде во толкав број се собрани стручни лица од областа БЗР, со надеж дека преку заедничката соработка ќе направиме и допринесеме за развој на струката во двете држави.

Во работниот дел на настанот свои презентаци имаа

M-р Грозданка Тилева – пом.главен инспектор во ДИТ

г-дин Румен Шолев (ФЦБЗР) – Р.Бугарија

г-дин Лука Братец (ДВИЉ) – Р.Словенија – online презентација

г-дин Горан Николиќ (УБЗРРО) – Р.Србија

и на крај г-дин Александар Талевски – Бато ( ЗБР 28-ми Април)

Според бројот на присутни, интересот во текот на презентаците и стручните дискусии кои се развија во текот на настанот, и оваа обука може да се вброи во делот на успешни стручни обуки кои ги организира ЗИЗ Тутела.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *