ПОВИК ЗА УЧЕСТВО, ЗА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВО, ЗА ПРОМОЦИЈА НА СТРУЧНОСТA…
ПОВИК ЗА СТРУЧНИТЕ ЛИЦА…

Почитувани членови на ЗИЗ ТУТЕЛА, почитувани колеги заштитари,

Една од алатките за навремено информирање за сите случувања, актуелности и новини во областа на БЗР, е првото Стручно списание од областа на БЗР во РС Македонија, насловено ТУТЕЛА.

Веќе од вториот број, списанието има и ISSN (Меѓународен стандарден сериски број) за печатени или електронски периодични списанија.

Ни претставува особена чест и задоволоство да Ве повикаме да испратите текстови за осмиот број на списанието, кој треба да излезе во Април 2022 г. На тој начин, секој од Вас со стручноста од својата област ќе придонесе за унапредувањето на состојбата во областа на БЗР.

Секој Ваш текст објавен во списанието, можете да го приложете во МТСП и согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивно учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за БЗР и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл.Весник на РМ., бр.41/2014) ќе добиете 10 поени (согласно табелата во Правилникот за објавување на стручни или научни трудови во стручни и научни списанија или во зборник од национална или меѓународна конференција).

Текстовите претходно разгледани и рецензирани од страна на Уредувачкиот одбор на списанието ќе бидат објавени во една од следните рубрики:

  1. Тема на бројот;
  2. Актуелности;
  3. Добра пракса од стручно лице;
  4. Противпожарна заштита;
  5. Практични совети за БЗР;
  6. БЗР околу нас;
  7. Здравство;
  8. Екологија;
  9. Стандарди за ЛЗО.

Слободно споделете ги своите искуства стекнати на семинари, обуки, стручни усовршувања во рубриката Актуелности и Практични совети за БЗР. Начинот на кој се реализира БЗР во Вашата компанија, вашето искуство во спречување на повредите при работа и професионалните заболувања, е добредојдено за рубриката Добра пракса од стручно лице. Во Рубриката БЗР околу нас споделете ги искуствата како е организирана БЗР во соседните земји. Во рубриката Стандарди за ЛЗО, испраќајте текстови за стандардите за ЛЗО. Во овој број решивме да ги воведеме и рубриките Здравство и Екологија. Секако очекуваме и Ваши предлози, сугестии за нови рубрики кои сметате дека се од посебен интерес за БЗР.

Бидете слободни, отворени, креативни и споделете ги своите знаења и искуства со сите чинители од областа на БЗР.

Текстовите или отворените прашања и предлозите, испратете ги најдоцна до 10.04.2022 година на следниот e-mail: tutela.spisanie1@gmail.com .

Текстот за списанието ТУТЕЛА треба да биде напишан согласно следниот Template

Од седмиот број ја воведовме и новината, Списанието ТУТЕЛА кај секој член на ЗИЗ Тутела, имено и во иднина секој нов број на списанието ќе биде доставуван до членовите на ЗИЗ Тутела. За таа цел Ве замолуваме да ги ажурирате вашите контакт податоци (контакт адреса) на кои сакате да го добивате секој нареден број на списанието ТУТЕЛА.

Од седмиот број воведовме и можност за реклама на Компаните во списанието ТУТЕЛА, со што списанието ќе стане и финансиски самоодржувачко. Надоместокот за реклама во списанието ТУТЕЛА можете да го видите на следниот ЛИНК

                                                                                                                                     Уредувачки одбор
Прво Стручно списание за БЗР ,,ТУТЕЛА”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *