По повод 28 април – Светскиот ден на безбедност и здравје при
работа, Министерството за труд и социјална политика, Советот за
безбедност и здравје при работа и Меѓународната организација на
трудот организрираа настан за одбележување на овој
значен датум, на кој беа поканети и секој во одреден тајминг зедоа учество и свој допринос дадоа голем број на чинители кои делуваат на полето на БЗР во Република Северна Македонија.

Модератор на настанот беше г. Дарко Дочински од МТСП.

На почетокот од страна на присутните, со едноминутно молчење им беше оддадена почит на настраданите работници на своите работни места.

Согласно агендата на настанот истиот беше поделен во три дела, и тоа на самиот почеток на настанот поздравни/воведни обраќања имаа:

Поздравното обраќање можете да го погледнете на следниот ЛИНК

Во вториот дел од настанот се одржа Презентација на тема ,,Усогласеноста на македонското законодавство со Конвенциите на Меѓународната организација на трудот за безбедност и здравје при работа во градежништво (бр.167), рударство (бр.176) и земјоделство (бр.184)”
– Проф. д-р. Лазар Јовевски
– Милан Петковски, експерт
-Модератор на вториот дел беше Емил Крстановски.

Во третиот дел следеа следните активности

Презентација на Стратегија за БЗР 2021-2025 и Акциски план 2021-2023 -Дарко Дочински, Помошник раководител на сектор, МТСП

Улога и делување на Државниот инспекторат за труд (ДИТ) – Гога Тилева, ДИТ

Европска агенција за БЗР (EU-OSHA) – улога и активности на Агенцијата и Значењето и важноста на социјалниот дијалог во БЗР
-Tim Tregenza, Network Manager, EU-OSHA

Потоа следуваша настанот во организација на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје „БЗР од мали нозе – ЗДРУЖЕНИ, БЕЗБЕДНИ, СИЛНИ!“

Модератор на овој дел од настанот беше г-дин Љупчо Кочовски.

Во воведниот дел од настанот г-динот Кочовски ги поздрави најмладите и присутните во салата, по што свое обраќање, имаа претставникот на ЗЗПР на општина Битола, Битола – г-дин Предраг Зариќ и претседателите на ЗБР 28-ми Април, Скопје – г-дин Благоја Богоевски и ЗИЗ Тутела, Скопје – г-дин Дејан Ангеловски.

После официјалното обраќање, се пристапи кон доделувањето на наградите за најдобрите правни субјекти во 2021 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места во РС Македонија.

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)

ТАВ МАКЕДОНИЈА, МРАЛИНО

Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)

ЕВН МАКЕДОНИЈА АД, Скопје

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)

А) Мали претпријатија – до 50 вработени

СМД СОЛУТИОНС ДОО, Илинден (ТИРЗ Бунарџик)

Б) Средни претпријатија – до 250 вработени

ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА АД, ПРИЛЕП

В) Големи претпријатија – над 250 вработени

МАКСТИЛ АД, СКОПЈЕ

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

АЛКАЛОИД АД, Скопје

Откако заврши доделувањето на наградите за повикот Добри практики 2022, се пристапи кон доделувањето на наградите од Повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2022 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој по четврти пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа ученици од 25 Основни училишта.


Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен и од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието (мислење бр.09-207/2 од 03.02.2022 година), како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.
Заклучно со крајниот рок за поднесување (01.04.2022 година) поднесени се вкупно 196 творби (песни и раскази) во четирите категории.

Категорија 1 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Теодор Јаневски, V-3 одделение, ООУ „Кочо Рацин“, Куманово

Категорија 2 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение)

Мила Златков, IV-а одделение, ООУ ,,Гоце Делчев”, н.Илинден

Категорија 3 – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Андреј Антов, VII-б одделение, OOУ,,Димитар Македонски”, Аеродром, Скопје

Категорија 4 – Расказ на тема безбедност и здравје при работа (ученици од шесто до деветто одделение)

Марија Матеска, 8 одделение, ООУ ,,Св. Климент Охридски”, Македонски Брод

Делот на трите Здруженија мижете да го погледате овде

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗАЕДНО, СИЛНИ И СЛОЖНИ И ВО 2022 ГОДИНА!!!
ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

ФОТОГРАФИИТЕ ОД НАСТАНОТ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

БЗР од мали нозе – ЗДРУЖЕНИ, БЕЗБЕДНИ, СИЛНИ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *