Почитувани колеги, членови на ЗИЗ Тутела,

Во текот на денешниот ден е доставен Предлог Правилникот за измени на Правилникот за минималните барања за безбедност и здравје при работа на вработени од ризици поврзани со изложување на хемиски супстанци, кој пред извесно време беше разгледуван и од страна на сите членови на ЗИЗ Тутела.

Како што во неколку наврати беше дискиутирано и напоменато, стручните работни работните групи на Тутела, Скопје, како дел од своите редовни активности, направија истражување и одржаа неколку работни средби за примената на Правилникот, од кои произлегоа насоки дека постоечкиот Правилник не е во целост усогласен со Директивата 98/24/EZ, односно постојат одреден број на нелогичности и непрецизни одредби, особено во Прилог 3 од Правилникот.

Врз основа на заклучоците од работата на стручните групи, е утврдено дека со постоечкиот Правилник односно Прилогот 3 и членовите кои се повикуваат на него, се забранува било какво користење на голем број на хемикалии кои се од суштинска важност за секојдневното живеење.

Како Здружение на стручни лица за безбедност при работа, сметавме дека е потребно да предложиме измена на дел од одредбите од Правилникот, односно измена на Прилог 3, без целосно усогласување со директивата, за да се спречи злоупотреба на оваа нелогичност во постоечкиот Правилник од страна сите можни учесници во системот за БЗР.

Имајќи го во предвид погоре наведеното, една од нашите стручни работни групи изготви нацрт на предлог измени на актуелниот Правилник во кој е имплементиран Прилог 3 од посочената директива.

Нацрт верзијата на Предлог измените на Правилникот е доставена до сите членови на Здружението и поголем дел од пристигнатите забелешки се имплементирани во него.

Се надеваме дека овој предлог на измени на Правилникот од страна на надлежние служби во МТСП ќе биде разгледан и даден на понатамошно постапување, односно усогласување со сите релевантни чинители во областа безбедност и здравје при работа и ќе биде официјализиран за користење.

Дописот доставен до МТСП можете да го превземете овде:

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ВО ИНТЕРЕС НА БЗР !!!

ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *