Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

09.03.2023 година,
Ресторан ГРАДИНА, Скопје

Прва стручна наменска обука на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, во 2023 година, наменета за членовите на ЗИЗ Тутела, организирана во соработка со Стенсо-Мак ДОО, Скопје.

Тема : РАБОТА НА ВИСИНА опрема, средства, сигурносни точки

Модератор на настанот г-дин Љупчо Кочовски.

На почетокот на обуката на присутните 138 члена на ЗИЗ Тутела и гостите – предавачи од ФЦБЗР, Софија, им се обрати членот на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, м-р Надица Фотев, која ги поздрави присутните им се заблагоади на предавачите од ФЦБЗР, Софија и им посака успешен работен ден.

Прв свое излагање на тема ЕУ директива + меѓународно искуство, имаше М-р Љупчо Кочовски

По излагањето на М-р Љупчо Кочовски, се разви дискусија, која резултираше со заклучок да се формира работна група, која ќе ја разгледа актуелната легислатива која ја покрива оваа област, светските и европските искуства, нормите на ниво на ЕУ и че излезе со став за понатамопни чекори во поглед на областа и носење на одредени правни акти кои ќе ја регулираат оваа проблематика.

Втор презентер на тема Правилна употреба на опрема за работа на висина, беше г-ѓа Татјана Зрмановска.

Трета по ред следеше презентацијата на тема Сигурносни точки (за работа на висина), во реализација на Иван Палијски и Давид Пенков од ФЦБЗР, Софија, Р. Бугарија.

Како и секогаш до сега, ЗИЗ Тутела понуди атрактивна стручна тема, а дека тоа е така потврди големиот интерес на учесниците, нивната активна вклученост во текот на целиот настан и реакциите добиени од учесниците на обуката, е потврда дека и оваа обука на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.

ПРОДОЛЖУВАМЕ!!!

ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ, А ПРЕД СЕ НА БЗР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *