Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
04.07.2023 г., Ресторан ГРАДИНА, Скопје
Во присуство на над 140 учесници (стручни лица за БР, доктори по медицина на труд, претставници на ДИТ и МТСП, се одржа обуката во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела,Скопје и Македонското здружение за медицина на трудот, на тема Работа на отворено – превенција, мерки, препораки.
Модератор на обуката беше М-р Љупчо Кочовски.
Прв на присутните им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела, М-р Дејан Ангеловски кој ги поздрави присутните и им посака успешен работен ден, при тоа потенцирајќи го значењето на темата, како и актуелната состојба на недостаток на легислатива која би ја регулирала.
По воведниот дел прв презентер на тема Инспекциски надзор, беше г-дин Тони Војнески, од ДИТ.
Потоа следеше информативното обраќање на претставникот од МТСП, г-дин Дарко Дочински, фокал поинт на Р.С. Мкедонија во Европската агенција за БЗР.
Следуваше темата 2, во реалиција на М-р Борче Стојчевски – Работаа на отворено.
Темата 3 Професионални оштетувања предизвикани од високи и ниски температури беше обработена од страна на претседателот на Македонското здружение за медицина на труд, проф. д-р Драган Мијакоски,
И на крај последната тема 4, Мерна техника за апликациите за БЗР (работа на отворено) беше обработена од страна на г-дин Златко Николовским дипл.ел.инж,, од компанијата Логинг електроникс.
Целиот тек на обуката, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самата обука, е потврда дека и оваа обука, како и претходните во организација на ЗИЗ Тутела и Македонското здружение за медицина на трудот, се вброи во категоријата успешно организирни.
Сликите од настанот можете да ги погледнете на следниот ЛИНК: