ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
почитувани членови на Македонското здружение за медицина на трудот,

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат заедно, во коорганизација со Македонското здружение за медицина на трудот, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:

,, РАБОТА НА ОТВОРЕНО – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ”

Разбирајќи ги уникатните предизвици со кои се соочуваме во обезбедувањето на безбедноста и сочувување на здравјето на работниците, заедно двете Здруженија сме домаќини на настан фокусиран на превентивни мерки и препораки за безбедност на работа на отворено. Нашата цел е да обезбедиме вредни сознанија и практични стратегии за создавање безбедна и здрава работна средина за вработените.

За време на овој настан, ќе опфатиме низа теми, вклучувајќи: техники за проценка на ризик специфични за работните средини на отворено, важноста на личната заштитна опрема (ЛЗО) и како да ја изберете вистинската опрема за работниците, ефективни мерки за спречување на последиците по здравјето и животот на вработените, предизвикани од топлина и студ во надворешни услови, практики за безбедност на сонце и влијанието на продолжената изложеност на сонце и други тематски единици кои се во врска со самата проблематика.

Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со работата на отворено, се надеваме ќе се стекнете со нови знаења и истовремено ќе се вклучите во значајни дискусии поврзани со темата.

Запомнете, безбедно и здраво работно место е одговорност на сите. Затоа работиме заедно, за да создадеме побезбедна и посигурна работна средина за работниците на отворено.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА

– Претставник на МТСП – информативна активност (да потврди присуство)
– Претставници од Македонското здружение на медицина на трудот
– Претставник од овластена компанија за продажба на мерни инструменти
– Стручно лице за БР – практичен пример

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 04.07.2023 година, во Ресторан Градина (отворен дел) кај Стаклара, ул.Борис Трајковски, 1000, Скопје, термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела и членови на Македонското здружение за медицина на трудот, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или ziztutela5@gmail.com најдоцна до 10:00 часот на ден 03.07.2023 година.

Овде можете да ги превземете

Дополнителни информации на тел +389 (0) 70 23 54 66 (Јасминка)

Поздрав,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, Скопје

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ

АГЕНДА

09:00 – 09:45 Регистрација на учесници
09:45 – 10:00 Вовед во програмата
10:00 – 10:30 Тема 1
10:30 – 11:00 Тема 2
11:00 – 11:30 Кафе пауза
11:30 – 12:00 Тема 3
12:00 – 12:30 Тема 4
12:30 – 13:00 Кафе пауза
13:00 – 13:30 Тема 5
13:30 – 14:30 Ручек
14:30 – 15:45 Дискусија
15:45 – 16:00 Затворање на обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *