Влијаниeто на климатските промени врз безбедноста и здравјето при работа
Секој 28 април, Меѓународната организација на трудот го одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, фокусирајќи се на актуелна тема поврзана со безбедноста и здравјето при работа.
Оваа година, темата ќе се фокусира на истражување на влијанието на климатските промени врз безбедноста и здравјето при работа .
Променливите временски прилики имаат забележителни влијанија врз светот на работата, особено врз безбедноста и здравјето на работниците. Примери на професионални ризици, кои се влошени од климатските промени вклучуваат топлотен стрес , УВ зрачење , загадување на воздухот , големи индустриски несреќи , екстремни временски настани , зголемување на вектор преносливите заболувања и зголемена изложеност на хемикалии.