Стопанската комора на Северна Македонија на 19 февруари 2024 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: 

,,БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ОД АСПЕКТ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ ПРОЦЕСИ

Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со дигитализација на работните процеси, присутните ќе се стекнат со нови знаења и истовремено ќе се вклучат во значајни дискусии поврзани со темата.
Развојот на нови технологии, како што се вештачката интелигенција, големи количини на податоци, колаборативна роботика, алгоритми, дигитални работни платформи и истовремено зголемување на бројот на работници кои работат од дома, обезбедуваат нови можности за работниците и работодавачите, но исто така претставуваат нови предизвици и ризици кога се работи за безбедност и здравје при работа. Одговорот на предизвиците и ризиците и максималното искористување на можностите зависи од тоа како се применуваат технологиите, како се управуваат и како тие се законски регулирани во контекст на социјалните, политичките и економските трендови.
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на рабтните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од законот за БЗР, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на работодавачот, на стручното лица за БР, а и обврските на самите вработени во дадени ситуации .

Која е целта на семинарот?

Главната цел на семинарот е присутните да се запознаат со релевантните пристапи, т.е. начини кои се користат за управување и справување со ризиците и опасностите кои произлегуваат од дигиталните решенија во работниот процес пред се по вработените,.
Тоа значи дека по завршување на семинарот учесниците ќе можат:

  • Да ги разберат барањата на самата законска и подзаконска регулатива;
  • Да ги организираат и следат сите чекори на работниот процес, а истовремено и преку континуирано следење и превенирање на сите ризици и опасности кои се појавуваат во текот на работниот процес да го заштитат здравјето на вработените;
  • Да знаат каков вид на обуки се потребни за лицата кои ќе бидат директо инволвирани во целиот процес при целосна или делумна дигитализација на работниот процес;
  • Да ја обезбедат и одржуваат во актуелна состојба, подготвеноста на сите лица инволирани или присутни на работни места со делумна или целосна дигитализација на работниот процес.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во работата да ја следат и одржуваат техничката опрема наменета за дигитализација на работните процеси, исполнување на сите обврски, како во поглед на безбедноста и здравјето на вработените кои ги користат, така и во поглед на обврските кои им ги налагаат самита законски и подзаконски решенија кои ја покриваат областа. 
Начин на работа:
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законот за БЗР и реченија за дадени ситуации.
ПРОГРАМА
– Закон за Безбедност и здравје при работа; 
– Влијанието на дигитализацијата врз здравјето на вработените;
– Tехничка примена, одржување, контроли;
– Практични примери.

Презентери: 
–   Д-р Емилија Чабуковска, психијатар; 
–   Стручно лице за БР.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
  работен материјал доставен електронски; 
  ручeк и освежување; 
  сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15.02.2024 година.

Агенда на настанот

Пријавен лист
Контакт лица:м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
✆ ++389 2 3244074
✉ beti@mchamber.mk
м-р Михајло Донев
✆ + 389 2 3244067
✉ Mihajlo@mchamber.mk

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 СкопјеКонтакт центар: (02) 15015

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *