Во првата фаза од повикот за аплицирање, квалификување и избор, на најдобрите правни субјекти во 2023 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места, во сите 4 (четири) категодии од повикот, апликација поднесоа 14(четиринаесет) правни субјекти кои работат на територијата на РС Македонија.
Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД) – 2 (два) Правни субјекти
Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД) – 3 (три) Правни субјекти
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)
А) Мали претпријатија – до 50 вработени – Нема поднесено пријава
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени – 3 (три) Правни субјекти
В) Големи претпријатија – над 250 вработени – 4 (четири) Правни субјекти
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. – 2 (два) Правни субјекти
Во втората фаза следи формирање на комисија, која стручно и најтранспарентно ќе ги евалуира и избере, најдобрите правни субјекти за 2023 година, кои допринеле во сопствениот развој и ЗАШТИТАТА НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места,
Прогласувањето на правните субјекти кои имплементирале најдобри практики во безбедни и здрави работни места, ќе се изврши на 26.04.2024 година, на настан организиран од страна на трите Здруженија на стручни лица по БР, по повод Светскиот ден за БЗР, на кои ќе бидат поканети присуство да земат претставници на сите чинители од областа БЗР. (МТСП, ДИТ, МОТ-Канцеларија во Скопје, МЗМТ … )
БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ЗА ИДНИТЕ ГЕНРАЦИИ!!!