ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ги предлозите и барањата на стручните лица (членови на ЗИЗ Тутела), продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:

,,ИЗЛОЖЕНОСТ НА РАБОТНИЦИТЕ НА ЕЛЕКТРОМАГНЕТНО ПОЛЕ”

Во човековата околина секојдневно се зголемува бројот на извори на електромагнетни полиња (ЕМП). Пропорционално со нивното зголемување расте и загриженоста во јавноста во однос на можните здравствени последици од изложеноста на електромагнетно поле. Зачетокот на загриженоста за можните здравствени последици од изложеност на електромагнетно поле потекнува уште од периодот на втората светска војна кога војничкиот персонал бил изложен на полиња со релативно високи амплитуди кои потекнувале од високофреквенциски радарски системи и видео комуникација. Во понатамошниот период се појавуваат и други тврдења за негативните влијанија на високофреквенциски извори на електромагнетно зрачење, како што се радарските единици кои се користат од страна на полицијата, воените антенски системи, безжичните и мобилните телефони, микробрановите печки и останати уреди кои се користат во домовите. Во современото живеење, како последица од брзиот развој на технологијата изложеноста на човековата околина на електромагнетно зрачење секојдневно се зголемува, па во јавноста се почесто се поставуваат прашања за безбедноста на човекот при таква зголемена изложеност.

Преку излагања на експерти кои ќе ги споделат своите знаења и искуства за ублажување на ризиците поврзани со изложеноста на работниците и последиците по нивното здравје, се надеваме ќе се стекнете со нови знаења и истовремено ќе се вклучите во значајни дискусии поврзани со темата.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА:

Горан Сековски – ИТИ Скопје
-Законска регулатива, меѓународни и македонски стандардизациски документи од областа на заштита на работниците од влијанието на ЕМ поле; 
-Добра пракса за малите и средни претпријатија (МСП) при спроведување на барањата на Правилникот за минималните барања за БЗР на вработените од ризици поврзани со изложување на физички агенси (ЕМП); 

д-р Маја Грбиќ – Електротехнички институт Никола Тесла Белград
– Изложеност на работниците на електромагнетно поле при вршење на работи во трансформаторски станици и на надземни водови; 

М-р сци. д-р Дарко Јанкоски, специјалист по медицина на трудот, магистер на науки по јавно здравство – ЈЗУ Поликлиника Железара
-Влијание на електромагнетните полиња со екстремно ниски фреквенциии врз здравјето и работната способност кај работници од високонапонска далноводна мрежа и трафостаници

М-р Љупчо Кочовски – СмартМК
– Презентација на работна облека и облека за слободно време изработена и/или дополнета со материјал кој заштитува од електро-магнетни зрачења

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 14.06.2024 година (петок), во Ресторан Градина, Скопје, Бул. Борис Трајковски бб (на влез на Стаклара), 1000, Скопје, термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА (на крајот од текстов).

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela5@gmail.com најдоцна до 10:00 часот на ден 13.06.2024 година.

Овде можете да ги превземете:

АГЕНДА
09:00 – 09:45  Регистрација на учесници
09:45 – 10:00  Вовед во програмата
10:00 – 11:30  Сесија 1
11:30 – 11:45 Кафе Пауза
11:45 – 13:15  Сесија 2
13:15 – 13:45  Пауза за ручек
13:45 – 15:00  Сесија 3
15:00 – 15:15  Пауза
15:15 – 15:45  Сесија 4
15:45 – 16:00  Дискусија и затворање на обуката

Со почит,
ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *