Одржан е работен состанок помеѓу претставници на МТСП и 8 члена на ЗИЗ Тутела ( би напоменале дека за состанокот од страна на ЗИЗ Тутела се пријавија 46 члена, но по сугестија на МТСП бројката беше редуцирана на 8 претставници). Работниот состанок се одржа во коректна атмосфера при што од страна на претставниците на ЗИЗ Тутела беа потенцирани проблемите со кои се соочуваат стручните лица на терен и после донесувањето на новиот Правилник.
Од страна на претставниците на МТСП во неколку наврати се спомена дека од непознати причини е дојдено до недоразбирање, или поточно се потенцираше дека претставниците на ЗИЗ Тутела кои присуствувале на состанокот кој се одржа на 02.09.2019 година, не разбрале доволно што била целта на измените, на што од страна на ЗИЗ Тутела беше одговорено дека основен пропуст на целиот состанок е што не беше побарано за истиот да се води Записник, што во иднина нема да се дозволи/повтори, бидејки доколку имаше Записник точно ќе се знаеше што било договорено.
Генерално од претставниците на ЗИЗ Тутела се потенцираше дека во најкраток можен рок како Здружение ќе се излезе со став и конкретен предлог што и како треба да се превземе со цел да се санираат последиците кои моментално и во иднина може да ги предизвика новиот Правилник.
На самиот крај на состанокот, од страна на Претседателот на ЗИЗ Тутела, претставниците на МТСП беа информирани дека во врска со Дописот реакција за реименувањето на претставникот на Здруженијата на стручни лица во Советот за БЗР, ќе следува Допис. Имено, согласно одговорите добиени од МТСП и Владата на РСМ (кои беа идентични, односно потенцираат дека постои законска неможност и покрај уредно доставен предлог од три стручни Здруженија. да го променат актуелниот ,,претставник” во Советот за БЗР?!?) ќе биде доставен Допис, со кој како Здруженија ќе ги информираме (МТСП и Советот за БЗР), дека актуелниот член на Советот за БЗР ниту е предложен, ниту е делегиран од страна на Здруженијата на стручни лица за БР и врз основа на тоа, тој не е нивен претставник во Советот. Воедно ќе се побара од МТСП, преку нивните членови во Советот за БЗР, да ни доставуваат информации за седниците на Советот, со цел како стручни Здруженија доколку има теми кои не тангираат , и доколу постои интерес, да доставиме конкретни материјали, информации, забелешки и предлози.