Поради немање никаква реакција и одговор на претходниот Допис кој ЗИЗ Тутела го достави до МТСП а кој беше во врска со новонастанатата ситуација со донесувањето на Решението бр. 17-2614/2 од 01.07.2020 г. од страна на Министерот за здравство, со кое се одобри продолжување на вршење на здравствени прегледи (систематски, претходни, насочени и периодични) на вработените , ЗИЗ Тутела уште еднаш но овој пат заедно со Организацијата на работодавачи на Македонија, изготвивија и доставија нов Допис во врска со истиот новонастанат проблем кој ги засега и стручните лица по БР и самите работодавачи.
Овој пат очекуваме дека ќе следува соодветна реакција (соодветно правно решение) од страна на надлежните институции со цел решавање и надминување на актуелните проблеми на терен, а кои се во врска со роковите за извршување на здравствени прегледи (систематски, претходни, насочени и периодични) на вработените
Дописот можете да го превземете овде: