ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
почитувани членови на Македонското здружение за медицина на трудот,

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, следејќи ја актуелната тематска кампања за здрави работни места на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), а во пресрет на Европската недела за БЗР, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат заедно, во коорганизација со Македонското здружение за медицина на трудот и поддршка од Здружението за безбедност при работа “28-ми Април”, Скопје,  ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:

,,Превенција и управување со мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата”

Во Европа, мускулно-скелетните нарушувања сè уште се еден од најчестите здравствени проблеми поврзани со работата. Ризиците предизвикани од неправилно држење на телото, изложеност на повторливи движења, заморни или болни позиции на телото и носење или придвижување на големи товари, се многу чести фактори на ризик на работното место што можат да предизвикаат мускулно-скелетни нарушувања. Со оглед на преваленцата на мускулно-скелетни нарушувања поврзани со работата, јасно е дека треба да се стори повеќе за да се подигне свеста за начините на борба против нив.

Целта на обуката е преку заедничко согледување на причините за овој постојан здравствен проблем, да се обидеме да поттикнеме интегриран пристап кон управување со проблемите и да понудиме практични алатки и решенија што можат да помогнат на работното место.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА

  • Претставник на МТСП – информативна активност (да потврди присуство)
  • Претставници од Македонското здружение на медицина на трудот
  • Претставник од Машинскиот Факултет Скопје
  • Стручно лице за БР – практичен пример

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира на 10.09.2020 година, во Ресторан Градина (отворен дел) кај Стаклара, ул.Борис Трајковски, 1000, Скопје, термините за почеток и крај се одредени во АГЕНДАТА.

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела и членови на Македонското здружение за медицина на трудот, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), согласно Решение на Министерство за труд и социјална политика под бр. 08-8897/2 за одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа издадено на 05.10.2015, а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 10:00 часот на ден 09.09.2020 година.

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ДЕЛ

Во согласност со препораките на надлежните институции, во поглед на мерките и средствата за заштита и спречување на ширење на КОРОНАВИРУСОТ, Организаторот во целост ги превзема сите мерки за безбедна реализација на обуката.

Имајќи ги во предвид целокупните мерки кои треба да се превземат, не само за времетраење на обуката, туку и пред почетокот на самата обука, пријавените учесници е потребно да пристигнат на местот на одржување на настанот во периодот кој е наведен во самата Агенда.

ОБВРСКИ НА СЕКОЈ ПРИЈАВЕН УЧЕСНИК на денот на обуката се

  • На местото на обуката да пристигне со заштитна маска
  • Доколку чувствува некој здравствен респираторен проблем и покрај тоа што е пријавен да не доаѓа на истата
  • Да ги почитува сите мерки и задолжително користи сите доделени заштитни средства пред почетокот на обуката
  • Да ги почитува дадените насоки за однесување и постапувања од моментот на пристигнување на обуката, за времетраење на обуката како и во периодот на користење на паузите за кафе и закуска.

Секое не придржување кон посочените насоки (мерки) како и некористење на доделените средства за заштита и спречување на ширење на КОРОНАВИРУСОТ, ќе биде повод од  присутниот  да се побара да го наушти настанот.

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)
Поздрав,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ТУТЕЛА, Скопје

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МЕДИЦИНА НА ТРУДОТ

ПОКАНАТА ЗА ОБУКАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

ПРИЈАВАТА ЗА ОБУКАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПРЕВЗЕМЕТЕ ОВДЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *