Почитувани колеги членови на ЗИЗ Тутела,
За да можете да учествувате на бесплатната on-line обука ЗАШТИТА НА ГРАДИЛИШТЕ, која ќе се одржи на ден 25.03.2021 година, со почеток во 11 часот, потребно е :
1. Да ја пополните Пријавата за учество на on-line обука – задолжително да се пополни со потребните податоци во неа и да се прати на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk Учеството на обуката се бодува, согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14)
2. Да ја пополните Електронската Пријава за учество (on-line) до која можете да дојдете со притискање на следниот ЛИНК ЗА ПРИЈАВА НА ОБУКА и испратите (со притискање на Submit)
Пријавувањето на учесниците трае заклучно со 23.03.2021 година до 15:00 часот. После овој рок нема да може да се пријавувате.
Согласно доставените пријави , на наведените e mail адреси во Пријавата, ќе ви биде доставен линкот за логирање / учество на обуката. (проверувајте и во Junk или Spam да не е пристигнат e mail со линкот за логирање/учество на обуката)
Обуката ќе се одржи преку платформата MS TEAMS (Идентично како и за Годишното Собрание и Обуката во месец Декември 2020 г.).
Платформата MS TEAMS ке биде отворена за најавување од 10:30 часот. Редоследот на активностите ќе се одвива согласно Агендата што ќе ви биде доставена со линкот за логирање на обуката.
За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање.
Со почит
ИО на ЗИЗ Тутела