ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,

Согласно своите планирани активности, Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат, во пресрет на Европската недела за безбедност и здравје при работа, ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна Меѓународна обука, на тема:

,,ИНДУСТРИСКИ ГАСОВИ
транспорт, складирање, употреба, мерки за заштита”

Индустриските гасови, се гасовити материјали кои се произведени за потребите на индустријата. Нивното производство е дел од пошироката хемиска индустрија (каде што индустриските гасови често се третираат како „специјални хемикалии“). Бидејќи гасовите мора да бидат складирани и лесно достапни на местото на употреба, средствата за испорака се од клучно значење за да се обезбеди компатибилност на системот и безбеден транспорт и складирање.

Постојат пет главни ризици поврзани со обичните индустриски гасови што се користат во производните капацитети – притисок, аноксија, криогени изгореници, пожар и токсичност. Ако гасовите не се третираат правилно, вработените може да страдаат од јаки смрзнатини, респираторни и циркулаторни проблеми и недостаток на кислород.

Иако овие опасности може да доведат до сериозна штета или фатален исход по здравјето на вработените, тие можат да се избегнат со правилни постапки за ракување.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА
Предавачи на обуката ќе бидат експерти и стручни лица од областа, кои доаѓаат од Република Северна Македонија, Република Хрватска и Република Црна Гора.

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира on-line (апликација Webex) на 28.10.2021 година (Четврток), термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата.

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 15:00 часот на ден 27.10.2021 година.

Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:

Сите пријавени, после рокот на пријавување ќе добијат линк за приклучување и учество на обуката.

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА
ТУТЕЛА, Скопје

АГЕНДА

09:30 – 10:00  Регистрација на учесници
10:00 – 10:15  Вовед во програмата
10:15 – 11:00  Тема 1
11:00 – 11:30  Тема 2
11:30 – 12:00  Дискусија
12:00 – 12:15  Кафе пауза
12:15 – 13:00 Тема 3
13:00 – 13:45  Тема 4
13:45 – 14:15  Тема 5 
14:15 – 14:45  Дискусија
14:45 – 15:00  Затворање на обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *