Конечно, дојдовме до крајот на овогодинешниот дел од пректот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ”. Проект со кој ги размрдавме малите умови, малите генијалци, малите, а големи промотори на областа БЗР.
„Младите советуваат…“,„Човечкиот живот нема цена“ – зборови на малите творци со големо срце, творци кои уште низ многу други зборови употребени во своите творби ќе ни кажат: „Безбедност, здравје, сигурност… да се овозможи, гарантира на секој“ но и: „Погрижете се за #БЗР да дознаеме сите до еден“.Тие мали рачиња, кои се посветија на творештво, кои успеаа да ги ,,размрдаат” своите родители, роднини, да им помогнат да создадат творба, песна, расказ … да ги натераат да дознаат или осознаат што е БЗР, можеби не многу, не целосно, но веруваме дека барем малку успеаа да допрат до срцето, душата, мислите и да им покажат дека за да бидат заедно сите, мораат да се чуваат и грижат за себе, и по завршување на работниот ден, живи и здрави да се вратат дома.
На Светскиот ден на БЗР (28.04.2021 g.) ги собравме и наградивме најдобрите, а во Европската недела за безбедност и здравје (25-29.10.2021 г.) , ги издаваме, во ЗБИРКА ПЕСНИ И РАСКАЗИ ,,БЗРодМАЛИНОЗЕ”
Промоцијата започна со утринско гостување на претставници на ЗИЗ Тутела во утринската програма на ТВ Сител, а официјално главниот настан се одвивше во ООУ,,Гоце Делчев”, с.Горно Лисиче, Аеродром, каде на младите творци им беа доделени благодарници и збирката БЗР од МАЛИ нозе.