ВНИМАНИЕ !!!

Почитувани членови на Здружението на инженери за заштита Тутела,
Почитувани членови на Македонското здружение за медицина на трудот,

Согласно своите планирани активности за едукација и овластување за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби за подигнување на капацитетите на сите чинители од областа безбедност и здравје при работа (БЗР) во РС Македонија.

Овој пат заедно со Македонското здружение за медицина на трудот ја имаме честа и привилегијата да Ве поканиме да учествувате на бесплатната стручна обука, на тема:

ДОБРИ ПРАКТИКИ – РАЗМЕНА – ИСКУСТВО – ЕДУКАЦИЈА

Целта на обуката е преку заедничко согледување на актуелните сосотојби на работните места, сочени со актуелните предизвици, преку стручни согледувања, размена на искуства и добри практики, да се обидеме да поттикнеме интегриран пристап кон управување со проблемите и да понудиме практични алатки и решенија што можат да помогнат на работното место.

ПРЕДАВАЧИ НА ОБУКАТА

-Претставници од Македонското здружение на медицина на трудот
-Претставници од фирми, со актуелни добри практитки кои довеле до подобрување на работната средина и сочувување на животот и здравјето на вработените
-Стручни лица за БР

ВАЖНО!!!

Обуката ќе се организира on-line (апликација Webex) на 21.12.2021 година (вторник), термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата..

Модератор на настанот е  г-дин Љупчо Кочовски.

Обуката е наменета исклучиво за членови на ЗИЗ Тутела и членови на Македонското здружение за медицина на трудот, обуката е бесплатна.

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество..

ПРИЈАВУВАЊЕ!!!

Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk најдоцна до 14:00 часот на ден 17.12.2021 година.

ПРИЈАВАТС МОЖЕ ДА ЈА ПРЕВЗЕМЕТЕ ОД ОВДЕ

Сите пријавени, после рокот на пријавување ќе добијат линк за приклучување и учество на обуката.

Дополнителни информации на тел 070 547 941 (Лидија)

Поздрав,

ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА ,,ТУТЕЛА”, Скопје

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МЕДИЦИНА НА ТРУД, Скопје

   АГЕНДА

09:30 – 09:45  Регистрација на учесници
09:45 – 10:00  Вовед во програмата
10:00 – 11:00  Тема 1 + дискусија
11:00 – 12:00  Тема 2 + дискусија
12:00 – 13:00  Пауза
13:00 – 13:45  Тема 3 + дискусија
13:45 – 14:30 Тема 4 + дискусија
14:30 – 14:45 Пауза
14:45 – 15:30 Тема 5 + дискусија
15:30 – 16:00  Завршен збор и Затворање на обуката

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *