Во првата фаза од повикот за аплицирање, квалификување и избор, на најдобрите правни субјекти во 2021 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места, во сите 4 (четири) категодии од повикот, апликација поднесоа 31 правен субјект кои работат на територијата на РС Македонија.

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД) – 4 (четири) Правни субјекти

Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД) – 5 (пет) Правни субјекти

Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)

А) Мали претпријатија – до 50 вработени – 3 (три) Правни субјекти

Б) Средни претпријатија – до 250 вработени – 5 (пет) Правни субјекти

В) Големи претпријатија – над 250 вработени – 6 (шест) Правни субјекти

Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. – 8 (осум) Правни субјекти

Во втората фаза следи формирање на комисија, која стручно и најтранспарентно ќе ги евалуира и избере, најдобрите правни субјекти за 2021 година, кои допринеле во сопствениот развој и ЗАШТИТАТА НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места,

Прогласувањето на правните субјекти кои имплементирале најдобри практики во безбедни и  здрави работни места, ќе се изврши на 28.04.2022 година, на заеднички настан кој ќе се организира по повод Светскиот ден за БЗР, во присуство на сите чинители од областа БЗР. (МТСП, ДИТ, МОТ-Канцеларија во Скопје, Стручни Здруженија)

БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ – ЗДРУЖЕНИ, БЕЗБЕДНИ, СИЛНИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *