Четврток, 15.12.2022 година, во хотел Континентал, Скопје, се одржа Петтото Годишно Редовно Изборно Собрание на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

Седицата на Собранието ја отвори Претседателот на Собранието на ЗИЗ Тутела, г.Борче Стојчевски,

по што беше извршен избор на:

  • работно претседателство – Претседател и двајца подпретседатели
  • изборна / верификациона комисија – составена од три члена
  • записничар, и
  • двајца заверувачи на Записникот

Во периодот на верификација на бројот на присутни од страна на верификационата комисија, присутните членови на Собранието ги поздравија колегите од Република Србија, претседателот на Здружението за безбедност и здравје при работа на Србија, г-дин Драгослав Томович и претседателот на Здружението за безбедност и здравје при работа на Расинскиот округ, г-дин Зоран Трајковиќ кои беа присутни во својство на гости на Собранието.

Во првиот дел од седницата од страна на aктуелниит претседател на ЗИЗ Тутела, М-р Дејан Ангеловски, беа презентирани и образложени: Извештајот за досегашните активности на ЗИЗ Тутела и Финансискиот извештај, при што на крајот на излагањето им се заблагодари на актуелните членови на Извршниот Одбор на ЗИЗ Тутела, за сета заложба, посветеност и вложен труд во изминатите четири години, истакнувајќи дека резултат на сето тоа е оваа бројка на присутни колеги од областа.

Во вториот дел од Седницата, согласно пристигнатите кандидатури, беше извршен избор на новите органи за управување на Здружението.

  • Претседател
  • Извршен одбор
  • Надзорен одбор

По изборот, на присутните им се обрати реизбраниот претседател на ЗИЗ Тутела М-р Дејан Ангеловски, кој им се заблагодари во свое име и во име на новите членови на Извршниот одбор, за довербата и едногласниот избор на органите на Здружението кои ќе го раководат во наредните четири години. При тоа истакна дека ЗИЗ Тутела, како и до сега, така и во иднина ќе продолжи да работи во интерес на сите, а пред се во интерес на струката, што е и основна цел на самото Здружение. Континуираниот раст на бројот на членови е потврда и доказ пред сите, дека со искрен пристап, отвореност и транспарентност, ТУТЕЛА, Скопје за краток период прерасна во најголемо Здружение во државата, кое обединува една третина од стручните лица за безбедност при работа.

Во третиот дел беше детално разгледана, анализирана и на крајот едногласно прифатена предлог Програмата за работа на Здружението во 2023 година,

ПРОДОЛЖУВАМЕ , СИТЕ ЗАЕДНО И ВО 2023,
ВО ИНТЕРЕС НА СТРУКАТА!!!
ЗА БЗР СЕ РАБОТИ!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *