Почитувани ченови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,
Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на првата бесплатна обука во 2023 година, која ја организира Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.
Оваа обука ЗИЗ Тутела ја рганизира во соработка со Стенсо-Мак ДОО, Скопје. Тема која ќе се обработува на обуката е:
РАБОТА НА ВИСИНА опрема, средства, сигурносни точки
Поединечни теми и поредавачи на обуката:
- ЕУ директива + меѓународно искуство, М-р Љупчо Кочовски
- Правилна употреба на опрема за работа на висина, Татјана Зрмановска
- Сигурносни точки (за работа на висина), Иван Палијски, ФЦБЗР Бугарија
ВАЖНО!!!
Обуката ќе се организира на 09.03.2023 г. (четврток), во
Ресторан Градина, Скопје, Бул. Борис Трајковски бб (на влез на Стаклара), 1000,
Скопје
Термините за почеток и крај, се одредени во АГЕНДАТА дадена на крајот од поканата.
Обуката е бесплатна и е наменета исклучиво за членовите на ЗИЗ Тутела.
Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.
ПРИЈАВУВАЊЕ!!!
Сите заинтересирани за учество на обуката, потребно е да ја пополнат
Пријавата за учество и дa ја достават на e-mail ziztutela@gmail.com до 14:00 часот на ден 08.03.2023 година.
Пријавата за обуката можете да ја превземете овде:
Дополнителни информации на тел +389 (0)70 23 54 66 (Јасминка)
Напомена : На крајот на самата обука од страна на колеги од ФЦБЗР Бугарија ( Давид Пенков ), ќе има и краток осврт на гас детектори, примена, видови и практично показна употреба.
Поздрав,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ИНЖЕНЕРИ ЗА ЗАШТИТА
ТУТЕЛА, Скопје
АГЕНДА
09:00 – 10:00 Регистрација на учесници
10:00 – 10:15 Вовед во програмата
10:15 – 11:00 Тема 1
11:00 – 11:45 Тема 2
11:45 – 12:45 Пауза
12:45 – 13:30 Тема 3
13:30 – 14:30 Пауза
14:30 – 15:30 Дискусија
15:30 – 16:00 Затворање на обуката