Стопанската комора на Северна Македонија на 3 мај 2023 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: „БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАКУВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА ОПРЕМА ЗА РАБОТА  – ЛИФТОВИ ЗА ТРАНСПОРТ НА ЛУЃЕ И СТОКА, ВИЉУШКАРИ, ДИГАЛКИ И СЛ“. 
Оваа обука e дизајнирана да одговори пред се на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите при имплементација на одредбите од Законските и подзаконските акти кои ја покриваат областа на ракување и користење на техничка опрема (лифтови за транспорт на луѓе и стока, виљушкари, дигалки и сл.). Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на одржувањето, редовниот сервис и замена, да се придонесе до градење на свеста кај работодавачите, стручните лица и вработените, за значењето и влјанието на обврските кои произлегуваат, со цел подобрување на процесите, работењето и безбедноста на сите учесници во работниот процес. 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова ✆ ++ 389 2 3244074✉ beti@mchamber.mk
м-р Анита Митревска ✆ ++ 389 2 3244057✉ anita@mchamber.mk

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 СкопјеКонтакт центар: (02) 15015

Која е целта на семинарот:

Главната цел на семинарот е присутните да се запознаат со релевантните пристапи, т.е. начини кои се користат за управување со проблемите и за запознавање со чекорите на следење, одржување и замена на техничката опрема, кои после оваа обука ќе можат да ја применат на одреден проблем во нивната компанија. Тоа значи дека по завршување на семинарот учесниците ќе можат:

–  Да ги разберат барањата на самата законска и подзаконска регулатива;
– Да ги организираат и следат сите чекори на одржување во исправна состојба на техничката опрема;
– Да знаат каков вид на обуки се потребни за лицата кои ќе ракуваат и ја користат техничката опрема; 
– Да ја обезбедат и одржуваат во актуелна состојба, целокупната пропратна техничка документација за техничката опрема која се користи во нивните компании.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во работата да ја следат и одржуваат техничката опрема наменета за транспорт и подигање на луѓе и материјали, исполнување на сите обврски, како во поглед на безбедноста и здравјето на вработените кои ги користат, така и во поглед на обврските кои им ги налагаат самита законски и подзаконски решенија кои ја покриваат областа. 

Сите учесници, со положен стручен испит за БР, ќе добијат Потврда за учество на обука (10 бода), согласно Правилникот за начинот на бодувањето на активното и пасивното учество во обуките за стручно усовршување на стручните лица за безбедност при работа и формата и образецот на потврдата за стекнатите бодови за учество на обуката за стручно усовршување (Сл. Весник на Р.М.41/14), а останатите учесници ќе добијат Сертификат за учество.

Начин на работа:

Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските коипроизлегуваат од новиот Правилник за Безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар.

ПРОГРАМА

– Правилник за користење на лифтови и транспортери; 
– Правилник за користење на дигалки и индустриски транспортери;
– Професионална и општа безбедност при работа и користење на лифтови 
– обврски ;
– Tехничка примена, одржување, контроли.

Предавачи: 

–    Горан Митровски – државен инспектор за техничка инспекција. Сектор: Лифтови, дигалки и жичари;
–    Горан Сековски м-р дипл. маш. инж., Стручно лице за БР.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

  • работен материјал доставен електронски; 
  • ручeк и освежување; 
  • сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 28.04.2023 година.

ЛИНК ДО ОБЈАВАТА НА СТОПАНСКА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *