Во присуство на над 150 учесници, од 15 земји, Турција, Грција, Бугарија, Косово, Црна Гора, Србија, Хрватска, Словенија, Италија Швајцарија, Англија, Велс, Русија, Унгарија и Македонија, претставници на Владини и невладини организации од земјата и од странство, во периодот од 27 – 29 .09.2023 година, во хотел Дрим во Струга, се одржа Првото меѓународно стручно советување на инженери за заштита БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ.

Mеѓународното стручно советување на експерти за заштита „БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ“, е организирано со соработка и взаемна поддршка на 10 невладини експертски организации од 7 земји од Балканот. Носител на целата организација е Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, Република Северна Македонија.

Останати спонзори на стручното советување беа
Cofra – Италија, Kaya – Турција, Univet – Италија, Velilla – Шпанија и
Stenso-Mak, Македонија

Ден 1 – 27.09.2023 година

Првото меѓународно стручно советување на експерти за заштита БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ, започна во 16 часот, кога на присутните им се обрати модераторот на настанот М-р Љупчо Кочовски

Како претставник на Здруженијата кои беа дел од организацијата на стручното советување, официјално го отвори настанот и на присутните им се обрати м-р Дејан Ангеловски, претседател на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје.
Ангеловски во свое име и во име на останатите 9 (девет) коорганизатори ги подрави присутните и им се заблагодари за присуството, при што ја објасни причината која доведе до организирање на Меѓународното стручно советување БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ. Во своето обраќање ја потенцираше важноста на темата на стручното советување , ,,Странски работници”, при тоа искажувајќи дека во време на голема флуктација на работна сила, меѓусебната поддршка меѓу земјите од регионот во поглед на безбедноста и здравјето при работа, е од голема полза како за вработените, така и за самите стручни лица, компаниите и економијата на секоја земја. Водејќи се од фактот дека безбедни и здрави работници се основа на економијата на една земја, напомена дека заедно треба сите да работиме на хармонзација на законодавството, меѓусебно признавање на одредени активности и обврски кои произлегуваат од самата законска легислатива. Со тоа би се олеснил и престојот и работната активност на работниците кои сезонски или на подолг период, работните обврски ги обавуваат надвор од матичната земја.
На крајот на своето обраќање, Ангеловски потенцираше дека ова е само почеток на една заедничка соработка на експертите за заштита при работа и дека и во наредните години, БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ како стручно советување на експертите за заштита ќе продолжи да се организира и да обработува теми кои сите не засегаат и се во интерес на безбедноста и здравјето на работниците.

Следна на присутните им се обрати министерката за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, м-р Јованка Тренчевска. Посакуваjќи им успешна работа на сите претставници од организациите и институциите, таа им посака да заминат од конференцијата збогатени со информации и добри практики кои ќе им бидат од корист во нивната работа. Во своето обраќање посочи дека конференцијата „БЗР без граници“ е значајна не само по својата содржина туку и по составот на учесници. Таа го истакна меѓународниот карактер на конференцијата посочувајќи дека со размената на искуства секој во својата земја ќе може да го искористи она кое што смета дека ќе придонесе при Безбедноста и здравјето при работа на граѓаните. „Она што според мене е особено значајно е темата на оваа конференција – странските работници, гледани низ призмата на безбедноста и здравјето при работа. Секоја од земјите од регионот се погласно периодот говори за демографските процеси, за миграциите и за недостатокот на работна сила која е клучна за придвижување и стабилност на економијата. И токму странските работници се наметнуваат како сегмент кој ни недостига и кој може да допринесе многу во секоја од нашите земји“ истакна Тренчевска. Таа посочи дека конференција од ваков формат може да придонесе во креирање на стандарди за Безбедност и здравје при работа на странските работници како една од најзначајните компоненти кои влијаат врз концептот на пристојна работа.

Потоа следеше обраќањето на:

Петровска истакна дека имплементацијата и примената на Законот за безбедност и здравје при работа е еден од најбитните сегменти во социјалниот дијалог и во реализацијата на заштита на работниците и дека како организација на работодавачи ја користиме секоја пригода, да пренесеме порака дека за да се подобри безбедноста на работното место, клучна е имплементацијата на законот и практиките на терен, односно во фабриките, градилиштата и на земјоделските површини каде ризиците по безбедноста на вработените се постојано присутни, и за жал несреќите се исто така сè уште присутни. Паралелно, за успешна имплементација, најважно е да се зголеми улогата и влијанието на стручните лица за БЗР, вработени во компаниите и зголемување на нивните ингеренции, односно да добијат целосна подршка и од раководството и од сите останати колеги и вработени, за да можат да ја исполнат својата функција, а во интерес на безбедноста на сите вработени во една организација. Притоа никако не смееме да ја перцепираме безбедноста и здравјето како регулатива на хартија или пак комплексна обврска. Подобрувањето на состојбите може да се постигне и со едноставни мерки, а честопати доволно е здрав разум и добра волја. За самата имплементација потребни се ресурси, кај малите и микро компании проблемот е што немаат човечки капацитети за воведување на целосен систем за БЗР. Кај големите компании пак, секогаш е проблем контролата врз големиот број вработени и активности, како и големите ризици кај индустриските капацитети. Предизвиците се дотолку поголеми ако се земе предвид трендот за увоз на странски работници кои не се во тек со националното ниво на безбедност и здравје при работа во различните држави, што е всушност и во фокусот на ова стручно советување.На крај потенцираше дека континуираниот дијалогот меѓу преставниците на вработените и раководството на компаниите е темел врз чија основа ќе се постигнат целите за безбедност и здравје на работното место. Затоа е потребно да го стимулираме овој процес кај работниците и работодавачите. Надворешните стручни лица се многу добродојдени со нивните стручни совети и знаења, но со комуникација внатре во организацијата, најбрзо се детектираат можните ризици и опасности по безбедноста и здравјето на вработените, врз база на што се креираат решенија за нивно отстранување, што е впрочем крајната цел на концептот на безбедност и здравје при работа.

Пред почетокот на втората сесија м-р Љупчо Кочовски пред присутните ја изнесе Одлуката на организаторот на настанот, да на самиот настан им биде доделена Плакета за остварен и осведочен животен влог во развојот, афирмацијата и промоцијата на заштитата при работа во Република Северна Македонија на проф. д-р Владимир Христовски и г-дин Владимир Татарчев.

Плакетата на проф.д-р Владимир Христовски му беше врачена од страна на министерката за труд и социјална политика м-р Јованка Тренчевска, додека на г-динот Владимир Татарчев кој поради оправдани причини не беше присутен на настанот ќе му биде врачена лично во неговиот дом.

Потоа следеше обраќањето на:

Со тоа беше исцрпен дневниот ред за 27.09.2023 г.

Ден 2 – 28.09.2023 година

На темата ,,Странски работници” свое излагање имаа:

Ден 3 – 30.09.2023 година – Активности во работни групи

ПРОДОЛЖУВАМЕ !!!

БЗР БЕЗ ГРАНИЦИ ФОТО ГАЛЕРИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *