Стартува Европската недела за безбедност и здрвје при работа ( 23 – 27.10.2023 г.), а со самото тоа и со зголемен акцент Кампањата за Здрави работни места – Безбедна и здрава работа во дигиталната ера 2023-2025 (EU-OSHA).

Иако брзата дигитализација на работните места создаде многу нови можности за ефикасност и продуктивност, таа исто така донесе нови предизвици за безбедност и здравје при работа (БЗР). Овие ризици треба соодветно да се проценат и да се управуваат за да се осигура дека работниците можат да ги извршуваат своите активности на безбеден и здрав начин.

Кампањата за здрави работни места 2023-25 „Безбедна и здрава работа во дигиталната ера“, организирана од Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA), се обидува да ја подигне свеста за влијанието на дигиталните технологии врз работата и работните места и како да се справи со нив.

Повеќе за самата кампања и сите активности во врска со неа можете да прочитате на следниот ЛИНК

#EUhealthyworkplaces

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *