Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

24.10.2024 г. – Дом на култура „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода

Во присуство на над 135 учесници, членови на ЗИЗ Тутела, Скопје, во организација на ЗИЗ Тутела, се одржа обука организирана ос страна на ЗИЗ Тутела, Скопје на тема ,,ОД ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ ПРОЦЕСИ  – ДО БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА

Модератор на Обуката беше г.Љупчо Кочовски.

Прв на присутните им се обрати претседателот на ЗИЗ Тутела Скопје, кој го потенцираше значењето на Европската недела за БЗР и кампањата за здрави работни места Безбедна и здрава работа во дигиталната ера 2023-2025  на Европската Агенција за безбедност и здрваје (EU OSHA). ЗИЗ Тутела како медиумски партнер на EU OSHA и за оваа кампања продолжува со доследно и стручно подигнување на свеста за значењето на БЗР кај сите чинители од областа преку низа активности во целиот период на кампањата.

После обраќањето на М-р Дејан Ангеловски, г-динот Љупчо Кочовски го најави и отпочна стручниот дел на обуката, и тоа:

Сесија 1 – Тијана Петковска, стручно лице за БР, Johnson Matthey
Тема: Следење трендови на настани и креирање на извештаи при изготвување на програма за подобрување – ЕNABLON систем

Сесија 2 – Ана Христовска – Консултант, Евросимовски Консалтинг
Тема: Софтверско решение (платформа) за управување со деловни процеси BizFlowPro

Сесија 3 – Проф.д-р Драган Мијакоски, специјалист по медицина на труд,
Национален секретар на ICOH за Р. С. Македонија
Тема: Дигитализација и ментално здравје на работа

Сесија 4 – М-р Љупчо Кочовски, СмартМК
Тема: Виртуелна реалност во обуки за безбедност при работа

Целиот тек на обуката, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самата обука, е потврда дека и оваа обука, како и претходните во организација на ЗИЗ Тутела се вброи во категоријата успешно организирни.

Обуката беше поддржана од страна на компанијата Стенсо МАК – Скопје

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *