Конечно се реализира една од целите на ЗИЗ Тутела, издавање на печатено стручно списание за безбедност и здравје при работа.
На 27.04.2018 година, од печат излезе првиот број на стручното списание за безбедност и здравје при работа Тутела.
Во време на современи технологии, електронски проток на информаци, потребата од ваков профил на списание сметавме дека е неминовна, пред се од аспект на трајна вредност, а самата идеја наиде на поддршка од страна на Фондацијата Фридрих Eберт – канцеларијата во Скопје.
Тутела е бесплатно списание, кое за почеток ќе излегува два пати годишно, во месец Април на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа и во месец Октомври во Европската недела за безбедност и здравје при работа.
Концепциски списанието Тутела е осмислено да допре до инженерите за заштита, стручните лица, се со цел да ги разбуди нивните потенцијали, да ги наведе и стимулира да се вклучат во негов понатамошен развој.
Се надеваме дека заеднички ќе допринесеме да опстои, стручно да се издигне и наметне како списание кое ќе биде основа за размена и промоција на пред се стручни искуства, новитети, анализи, коментари.
Како поддршка на идејата, во првиот број на списанието, интервју даде и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, за што во знак на благодарност за поддршката, од страна на ЗИЗ Тутела и Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларијата во Скопје и е поклонет првиот испечатен примерок од стручното списание Тутела.